Битие. Chapter 12

1 И му рече Господ на Аврама: 'Излези од земјата своја, и од родот свој, и од домот на татка си, па појди во земјата, што ке ти ја покажам Јас!
2 А од тебе ке направам голем народ, и ке те благословам, и името твое ке го прославам и ти ке бидеш благословен.
3 Kе ги благословам оние, што тебе ке те благословуваат, и ке ги проколнам оние, што тебе ке те проколнуваат и преку тебе ке бидат благословени сите родови на земјата.'
4 Тогаш тргна Аврам, како што му кажа Господ, а со него појде и Лот. А Аврам имаше седумдесет и пет години кога излесе од Харан.
5 И ги зеде Аврам Сара, жената своја, и Лота, братанецот свој, со целиот имот што го беа спечалиле, и лу ето што ги беа придобиле во Харан, па излегоа за да отидат во земјата Хананска.
6 И Аврам ја измина таа земја во должина дури до Сихем и до високиот даб Мамре; а тогаш во таа замја живееја Хананејци.
7 И му се јави Господ на Аврама и му рече: 'Оваа земја ке му ја дадам на твоето потомство.' И направи таму Аврам жртвеник на Господа, Кој му се јави.
8 Потоа оттаму се премести на ридот, на исток од Ветил, и таму го распна шаторот свој; и Ветил му беше од запад, а Гај од исток; и таму Му направи на Господа жртвеник, и го призиваше името Господово, што му се јавуваше.
9 А оттаму се крена Аврам и се упати кон југ.
10 Но настана глад во таа замја и Аврам слезе во Египет да поживее таму; зашто гладта продолжи во оваа земја.
11 И кога наближи да влезе во Египет, и рече на жената своја Сара: 'Еве, знам дека си жена лична во лицето.
12 Затоа, кога ке те видат Египтјаните, ке речат - оваа му е жена - . Па ке ме убијат, а тебе ке те остават во живот.
13 Туку кажи, дека си ми сестра, за да ми биде добро покрај табе и да останам жив поради тебе.
14 И кога влезе Аврам во Египет, Египтјаните видоа дека жената е многу убава.
15 Ја видоа и првенците Фараонови, па ја пофалија пред Фараонот. И жената беше одведена во дворот Фараонов.
16 И заради неа тој му правеше добро на Аврама; имаше овци, говеда, осли, слуги, слугинки, маски и камили.
17 Но Бог пушти големо зло на Фараонот и на неговиот дом поради Сара, жената Аврамова.
18 Тогаш Фараонот го повика Аврама и му рече: 'Зошто ми го направи тоа? Оти не ми кажа дека ти е жена?
19 Зошто рече - сестра ми е - па сакав да ја земам за жена. Сега, пак, ете ти ја жената, земи си ја и оди си!'
20 И Фараонот определи лу е, кои го испратија Аврама и жената негова, со се што имаше, и Лота со него.