Филимон

1 Старешината до милиот Гај, кого го љубам во вистината.
2 Мил мој, се молам да напредуваш во сè и во добро здравје, како што напредува и твојата душа.
3 Многу се зарадував кога дојдоа браќата и посведочија за твојата вистина, имено како живееш во вистината.
4 За мене нема поголема радост од тоа да чујам дека моите деца одат во вистината.
5 Мил мој, постапуваш верно во сè што правиш за браќата, а особено за туѓинците,
6 кои пред црквата сведочат за твојата љубов. Ќе направиш добро, ако ги испраќаш така како што е достојно пред Бога,
7 зашто тргнаа заради Името, не примајќи ништо од многубошците.
8 Затоа таквите треба да ги поддржуваме, за да станеме соработници во вистината.
9 Јас и пишав нешто на црквата, но Диотреф, кој сака да биде прв меѓу нив, не го прифаќа она што го велиме.
10 Затоа, ако дојдам, ќе потсетам за неговите дела што ги врши, напаѓајќи нè неправедно со лоши зборови; и не се задоволува со тоа, туку самиот не ги прима браќата, а на оние кои сакаат да ги примат, им забранува и ги гони од црквата.
11 Мил мој, не земај го за пример лошото, туку доброто. Оној кој прави добро, од Бога е, а кој прави лошо, не Го видел Бога.
12 За Димитриј сите сведочат добро, а и самата вистина. Ние исто така сведочиме и знаеш дека нашето сведоштво е вистинито.
13 Имав да ти пишувам многу, туку не сакам да ти пишувам со мастило и перо,
14 но се надевам дека ќе те видам наскоро, и ќе разговараме лице в лице.
15 Мир со тебе! Те поздравуваат пријателите! А и ти поздрави ги пријателите поименично.