Битие. Chapter 48

1 Потоа му јавија на Јосифа: 'Ене, татко ти е болен.' А тој ги поведе со себе двајцата синови свои, Манасија и Ефрема, и дојде кај Јакова.
2 И го известија Јакова, велејки му: 'Ете, синот твој доа а при тебе.' А Израил собра сили и седна на постелата своја.
3 И му рече Јаков на Јосифа: 'Сесилниот мој Бог ми се јави мене во Луз, во земјата Хананска, ме благослови,
4 и ми рече: 'Kе те направам плоден и многуброен; и ке направам од тебе да произлезат многу народи, ке ја дадам оваа земја и на твоето потомство по тебе во вечна сопственост.
5 А сега, двајцата синови твои, кои ти се родија во земјата Египетска, пред да дојдам во Египет, нека бидат мои: Ефрем и Манасија, како што ми се Рувим и Симеон.
6 Децата, пак, кои ти се родија по нив, нека останат твои; а во наследството свое нека се викаат според имињата на браката нивни.
7 А кога се вракав од Месопотамија Сириска, умре мајка ти Рахил во земјата Хананска, по пат, близу до Ефрат, и јас ја погребав таму на патот за Ефрат, наречен сега Витлеем.'
8 А, откога ги виде Израил синовите Јосифови, праша: 'Кои се овие?'
9 А Јосиф му рече на таткото свој: 'Тоа се моите синови, кои ми ги даде Бог овде.' И рече Јаков: 'Доведи ги при мене, да ги благословам.'
10 Оти очите на Израил му беа ослабеле од староста, па не можеше добро да гледа. А кога му ги доведе, ги прегрна и ги целива.
11 И му рече Израил на Јосифа: 'Не се надевав дека ке го видам лицето твое; но, ете, Бог ми ги покажа и децата твои.'
12 Тогаш Јосиф ги истави од колената негови и му се поклони со лицето доземи.
13 Па ги зеде Јосиф обајцата, Ефрема во својата десна рака, спроти левата на Израил, а Манасија во својата лева рака, спроти десната на Израил, и ги приближи до него.
14 А Израил ја пружи десната рака своја и ја стави врз главата на Ефрема, иако тој беше помал, а левата врз главата на Манасија. Така ги вкрсти рацете нарочно, макар што Манасија беше првороден.
15 И го благослови Јосифа, велејки: 'Бог, по чиј пат секогаш одеа пред него татковците мои Авраам и Исак, Бог, Кој ми беше Спасител, откако сум настанал па се до денешен ден,
16 Ангелот, Кој ме избавуваше од секое зло, нека ги благослови овие деца; со името мое и името на татковците мои, Авраама и Исака, по нив да се спомнува, и во мноштва многубројни на земјата да се намножат.'
17 А на Јосифа му беше тешко кога виде дека татко му својата десна рака ја возложи врз главата на Ефрема. Па ја зеде татковата десна рака за да ја премести од главата Ефремова на главата Манасиева,
18 и му рече Јосиф на тата си: 'Не така, татко, оти оној е првенец; стави ја својата десна рака врз неговата глава.'
19 Но такото не сакаше, туку рече: 'Знам, синко, знам, и од него ке излезе народ, и тој ке биде голем; но помалиот брат ке биде поголем од него, и од неговото семе ке произлезе многуброен народ.'
20 И ги благослови во оној ден и рече: 'Преку вас ке се благословува Израилот и ке се вели: ‘Бог нека ти направи, како што му направи на Ефрема и на Манасија.‘' Така го постави Ефрема над Манасија.
21 А потоа Израил му рече на Јосифа: 'Еве, јас умирам; но Бог ке биде со вас и ке ве врати во земјата на татковците ваши.
22 И јас ти давам еден дел повеке отколку на браката твои, од она што го зедов од рацете аморејски, со својот меч и со својот лак.'