Неемија

1 Зборовите на Неемија, синот Ахалиев. Во месецот Хаселев, во дванаесеттата година, јас бев во престолниот град Суза.
2 Тогаш дојде Ананија, еден од моите брака, - тој и неколку души од Јудеја. И јас ги прашав за многу нажалените Јудејци, што не беа заробени, и за Ерусалим.
3 А тие ми рекоа: 'Оние што останаа незаробени, се нао аат таму, во земјата своја, и се во голема невоља и понижение; а sидовите на Ерусалим - се урнати, и портите негови - со оган изгорени.'
4 Кога ги чув тие зборови, седнав и заплакав и бев нажален неколку дена, постев и се молем пред Бога небесен,
5 и реков: 'Господи, Боже небесен, Боже велики и страшен, Кој го пазиш заветот и милоста кон оние, што Те сакаат и постапуваат - според Твоите заповеди!
6 Ушите Твои нека бидат внимателни и очите Твои отворени, за да ја чујат молитвата на Твојот слуга, со која сега се молам дење и ноке пред Тебе за синовите Израилеви, слугите Твои, и се исповедувам за гревовите на синовите Израилеви, со кои згрешивме пред Тебе , згрешивме - јас и домот на таткото мој.
7 Ние станавме престапници пред Тебе и не ги запазивме ни заповедите, ни наредбите, ни законите, што ги беше дал на Мојсеја, Твојот слуга.
8 Но присети се на зборот, што му го беше дал на Мојсеја, Твојот слуга, велејки: ‘Ако станете престапници, ке ве растурам ме у народите,
9 а кога ке се обрнете кон Мене и ке ги пазите Моите заповеди и ке ги извршувате, тогаш, макар да сте изгонети и на крајот на небото, и оттаму ке ве приберам и ке ве одведам на местото што сум го одбрал, за да го воведам таму името Свое.‘
10 А тие се Твои слуги и Твој народ, што Си го откупил со големата Своја сила и со мокната Своја рака.
11 Ти се молам, Господи, нека биде увото Твое внимателно кон молитвата на Твојот слуга и кон молитвата на Твоите слуги, кои сакаат да се плашат од името Твое. Помогни му сега на Твојот слуга и воведи го во милоста на тој човек.' - Јас бев пехарник кај царот.