Даниел

1 Во третата година од царувањето на јудејскиот цар Јоаким се крена вавилонскиот цар Навуходоносор, против Ерусалим и го опседна.
2 И го предаде Господ во раката негова јудејскиот цар Јоакима и дел од садовите на домот Божји, и тој ги испрати во земјата Сенар, во домот на својот бог, и ги внесоа тие садови во ризницата на својот бог.
3 И му рече царот на Асвеназа, началникот на дворјаните, да му доведе од синовите Израилеви, од царски и кнежевски род,
4 момчиња кои немаа никаков телесен недостаток, лични на глед и способни за секаква наука, што ги разбираат науките и да се разумни и волни да служат во царските палати, и да ги научи халдејските книги и јазик.
5 И определи царот секојдневна храна од царската трпеза и вино што сам го пиеше, па заповеда да ги воспитуваа три години, а потоа тие требаше да се појават пред царот.
6 Ме у нив беа од Јудините синови Даниил, Ананиј, Мисаил и Азариј.
7 Тогаш началникот на дворјаните им ги смени имињата: Даниила го нарече Валтазар, Ананија - Седрах, Мисаила - Мисах и Азарија - Авденаго.
8 Даниил науми да не се осквернува со јадењето од царската трпеза и од виното, што го пиеше царот, па затоа го замоли началникот на дворјаните да не го принудува да се осквернува.
9 Бог му даде на Даниила милост и благонаклоност кај началникот на дворјаните.
10 И така, началникот на дворјаните му рече на Даниила: 'Се плашам од својот Господа, царот, кој лично ја определи храната и пењето; ако ги види вашите лица послаби, отколку што се кај момчињата, вашите врсници, вие ке ја доведете во опасност славата моја пред царот.'
11 Тогаш Даниил му рече на Амелсара, кого го беше поставил при Даниила Ананија, Мисаила и Азарија началникот на дворјаните:
12 'Обиди се со слугите свои - десет дни нека ни даваат овошје како храна и вода како пиење;
13 а потоа нека се јават пред тебе нашите лица и лицата на оние момчиња што се хранат од царската трпеза, па потоа постапувај со слугите свои, како што ке мислиш да е добро.'
14 Тој ги послуша во тоа и направи обид таков со нив десет дена.
15 По десетте дена лицата нивни изгледаа поубави, а и телесно беа пополни од сите оние момчиња, што се хранеа со царските јадења.
16 Тогаш Амелсар го земаше нивното јадење и виното, па им даваше овошје.
17 И им дарува Бог на четворицата момчиња знаење и разбирање на секаква книга и мудрост, а на Даниила му подари уште да толкува и секакви виденија и соништа.
18 Откако завршија деновите, кога царот беше заповедал да ги претстават, началникот на дворјаните ги претстави пред Навуходоносора.
19 Царот зборуваше со нив и од сите момчиња не се најде ниту едно како што беа Даниил, Ананиј, Мисаил и Азариј, и потоа тие почнаа да служат пред царот.
20 И во се, за што се бараше мудрост и разбирање, и за што и да ги прашаше царот, ги најде за десетпати подобри од сите гатачи и гледачи, колку што ги имаше во целото негово царство.
21 И остана таму Даниил до првата година на царот Кир.