Рут

1 Во она време, кога управуваа судиите, настана глад во земјата. И еден човек од Витлеем Јудејски отиде да живее во Моавските полиња, заедно со жена си и двајцата синови свои.
2 Името на тој човек му беше Елимелех, името на жена му - Ноемина, а двајцата синови негови се викаа Малон и Хелеон: тие беа од Еуфрат, од Витлеем Јудејски. И дојдоа во Моавските полиња и останаа таму.
3 Елимелех, мажот на Ноемина, умре, и таа остана со двајцата синови свои.
4 Тие си зедоа за жени Моавки, - на едната името и беше Орфа, а на другата - Рут; и живееја таму околу десет години.
5 Но подоцна и обајцата синови нејзини, Малон и Хелеон, умреа, и остана таа жена без двајцата синови свои и без мажот свој.
6 Тогаш таа се крена со снаите свои и се врати од Моавските полиња, бидејки беше чула во Моавските полиња дека Бог го посетил Својот народ и му дал леб.
7 И таа тргна од она место, каде што живееше, и двете снаи нејзини со неа. Кога одеа по патот, вракајки се во Јудејската земја,
8 Ноемин им рече на двете свои снаи: 'Одете и вратете се секоја во татковата си кука; Господ нека ви направи милост, според тоа како постапувавте со покојните и со мене!
9 Нека ви даде Господ да најдете прибежиште секоја во куката на својот маж!' И ги бакна. Но тие повикаа, и заплакаа, па
10 и рекоа: 'Не, ние ке се вратиме со тебе при твојот народ.'
11 А Ноемин рече: 'Вратете се, керки мои; зошто ке доа ате со мене? Зар уште имам во утробата своја синови, кои би ви станале мажи?
12 Вратете се, керки мои, одете си, бидејки сум веке стара и не можам да се омажам; па и да речев: ‘уште имам надеж‘, и дури оваа нок да се омажам и подоцна да родам синови,
13 ке можете ли да чекате, додека да пораснат? Можете ли да се одржите да не се омажите? Не, керки мои, многу ми е жал за вас, зашто раката Господова ме порази.'
14 Тие повикаа и пак заплакаа. И Орфа се прости со свекрвата своја и се врати при родот свој, а Рут остана со неа.
15 Ноемина и рече на Рут: 'Ете, јатрвата ти се врати при родот свој и при боговите свои; врати се и ти по јатрвата своја.'
16 Но Рут одговори: 'Не ме принудувај да те оставам и да се одделам од тебе; но каде што ке одиш ти, таму ке дојдам и јас, и каде ке живееш ти, таму ке живем и јас; твојот народ ке биде мој народ, и твојот Бог - мој Бог;
17 и каде што ке умреш ти, таму и јас ке умрам и ке бидам погребана; 'Господ нека ми го направи тоа и нешто повеше нека додаде; само смртта ке ме раздели од тебе.'
18 Ноемина, откако виде дека таа цврсто е решена да отиде со неа, престана да и зборува.
19 И одеа тие двете, додека стигнаа до Витлеем, целиот град се раздвижи поради нив, и рекоа: ‘Ова ли е Ноемина?‘
20 Таа им рече: 'Не ме викајте Ноемина, викајте ме Мара, зашто Седржителот ми испрати голема Горчевина.
21 Јас излегов одовде заможна, а Господ ме врати со празни раце: зошто да ме викате Ноемин, кога Господ ме принуди да страдам, и Седржителот ми испрати несрека?'
22 И Ноемина се врати, а заедно со неа и снаата нејзина, Моавката Рут, кој дојде од Моавските полиња; тие пристигнаа во Витлеем, кога беше почнала јачменовата жетва.