Битие. Chapter 50

1 Тогаш Јосиф падна врз лицето од таткото свој, плака над него, и го целива.
2 И им заповеда Јосиф на гробарите, кои беа во негова служба, да го погребат таткото негов; и гробарите го погребаа Израилот.
3 И изминаа четириесет дена, зашто така се бројат деновите погребни, и го оплакуваше седумдесет дена.
4 Штом изминаа деновите на жалоста, им рече Јосиф на големците Фараонови, велејки: 'Ако сум нашол милост пред вашите очи, зборувајте со Фараонот и речете му:
5 ‘Таткото мој ме заколна пред да умре и ми рече: - Во гробот мој, што го ископав во земјата хананска, таму да ме погребеш.‘ - Па сега би сакал да одам и да го погребам таткото мој, а потоа ке се вратам.' И му рекоа на Фараонот според зборовоте Јосифови.
6 А Фараонот му рече на Јосифа: 'Оди и погреби го таткото твој, штом те заколнал.'
7 Потоа отиде Јосиф да го погребе таткото свој. А со него појдоа и сите слуги Фараонови, старешини од земјата египетска,
8 и целиот дом Јосифов и браката негови, и целиот дом на таткото негов и роднините негови. Овците и говедата ги оставија во земјата Гесем.
9 Со него тргнаа, исто така, коли и коњаници, толку многу, што претставуваа голема погребна придружба.
10 А кога дојдоа во Горни Хатад, кој е од онаа страна на Јордан, заплакаа таму многу силно и жално. И Јосиф го оплакуваше својот татко седум дена.
11 А лу ето од онаа земја хананска кога видоа плачење во Горни Хатад, рекоа: 'Голема жалост имаат Египтјаните.' Затоа тоа место го нарекоа 'Абел Мисраим', односно, плач египетски: што е отаде Јордан.
12 И му направија синовите негови онака, како што им беше заповедал;
13 го однесоа синовите негови во земјата Хананска, и го погребаа во пештерата на нивата Макпела, што беше ја купил Авраам од Хетеецот Ефрон, спроти Мамре, за да има гробница.
14 А Јосиф се врати во Египет, - тој и браката негови, и сите, кои беа на погребението на неговиот татко.
15 Кога видоа браката Јосифови дека нивниот татко умре, си рекоа; 'Да не би да си спомни Јосиф за нашата омраза, па да ни одмазди за сето зло, што му го направивме!'
16 Затоа дојдоа и му рекоа на Јосифа: 'Татко ти остави клетва пред да умре и рече -
17 ‘Вака кажете му на Јосифа: Прости им ја на браката твои неправдата и гревот нивни, што ти го направија.‘ И ете, сега прости им го гревот на слугите на татковиот Бог.' А Јосиф заплака, кога му го рекоа тоа.
18 Потоа дојдоа пред него и рекоа: 'Еве, ние сме слуги твои.'
19 Јосиф им рече: 'Не плашете се, бидејки јас сум по Бога.
20 Вие помисливте лошо за мене, но Бог тоа го обрна во добро, за да се изврши она, што денес се случува: да се прехранат многу лу е.'
21 И им рече: 'Не плашете се, јас ке ве прехранам вас и вашите домови.' Така ги утеши, зборувајки угодно.
22 И продолжи да живее Јосиф во Египет, самиот тој и браката негови и целиот дом на таткото негов: поживе сто и десет години.
23 И ги виде Јосиф синовите Ефремови до третото колено; а и синовите на Махир, синот Манасиев, што се родија на колената Јосифови.
24 Тогаш им рече на браката свои, велејки: 'Јас ке умрам; но Бог вас секако ке ве посети и ке ве изведе од оваа земја во земјата, за која им се заколнал Бог на нашите татковци - на Авраама, на Исака и на Јакова.'
25 Па ги заколна Јосиф синовите Израилеви и им рече: 'Кога Бог ке ве посети вас, вие тогаш понесете ги коските мои одовде со вас!'
26 Потоа умре Јосиф кога имаше сто и десет години. И, го погребаа, го положија во ковчег во Египет.