Битие. Chapter 45

1 Тогаш Јосиф, не можејки повеке да се воздржи пред оние кои стоеја околу него, извика: 'Одстранете ги сите од мене.' И така никој не остана при Јосифа кога им се откри на браката свои.
2 Па заплака силно, така што чуја Египтјаните, а се чу и во домот на Фараонот.
3 И им рече Јосиф на браката свои: 'Јас сум Јосиф! Дали е уште жив татко ми?' Но браката не можеа да му одговорат, бидејки се смутија пред него.
4 Но Јосиф им рече на браката свои: 'Дојдете поблизу до мене!' И тие пристапија; а тој им рече: 'Јас сум Јосиф, братот ваш, кого го продадовте во Египет.
5 А сега, пак, не жалостете се ниту да жалите што ме продадовте ваму, оти Бог ме прати мене пред вас, за да го запази животот ваш.
6 Оти има веке две години, откако настапи глад на земјата, а уште пет години остануваат, во кои ке нема ни орање, ниту жетва.
7 Затоа Бог ме прати пред вас, за да ве зачува на земјата, а и да ви го запази животот со големо избавување.
8 И така, не ме пративте вие ваму, туку Бог. Кој ме постави како татко на Фараонот и господар на целиот дом негов и кнез над целата земја Египетска.
9 Вратете се брзо кај таткото мој и кажете му: ‘Вака вели синот твој Јосиф - Бог ме постави за господар над целиот Египет; дојди при мене, не одлагај.
10 Kе живееш во земјата Гесем Арабиски и ке бидеш близу до мене, ти и синовите твои, и внуците твои, и овците твои, и воловите и се што е твое.
11 А јас ке се грижам ваму за прехраната твоја, зашто глад ке има на земјата уште пет години, та да не загинеш ти, и синовите твои, и се, што е твое.
12 И ете, гледате со очите ваши, и братот мој Венијамин со свои очи гледа, дека мојата уста ова ви го зборува.
13 Раскажете му на таткото мој за сета слава моја во Египет и за се што видовте, па поскоро доведете го ваму таткото мој.'
14 Потоа го прегрна братот свој Венијамина и плачеше над него. А и Венијамин плачеше, над братот негов.
15 И ги целива сите брака свои и плачеше над нив, прегрнувајки ги. Потоа неговите брака разговараа со него.
16 Тогаш глас се пренесе во домот на Фараонот, дека пристигнале браката на Јосифа. И се зарадува Фараонот и слугите на неговите дворјани.
17 И му рече Фараонот на Јосифа: 'Кажи им на браката твои - еве што ке направите: ‘Натоварете ги ослите ваши, и вратете се во земјата Хананска.
18 Па земете го таткото ваш и се што е ваше и дојдете кај мене, и ке ви ја дадам најубавата земја што ја има во Египет, и така вие ке живеете во изобилие во оваа земја.‘
19 А тебе, пак, ти заповедам да им кажеш - Вака направете: 'Земете со себе од земјата Египетска коли за децата ваши и за жените ваши, и поведете го таткото ваш, и дојдете ваму.
20 И немојте да жалите за покукнината ваша, зашто се, што е најубаво во земјата египетска, ке биде ваше.'
21 И синовите Израилеви така постапија. А Јосиф им даде коли, по наредба на Фараонот; им даде и храна за по пат.
22 И на секого им даде по две облеки, а на Венијамина му даде триста сребреници и пет промени.
23 А и на татка си свој му испрати десет осли, натоварени со најубави работи, што имаше во Египет, и десет ослици, натоварени со жито и храна на татка му за по пат.
24 Тогаш ги испрати браката свои, и тие тргнаа; а им порача: 'Немојте да се карате патем!'
25 И така тие излегоа од Египет, и стигнаа во земјата Хананска кај Јакова, таткото нивни.
26 И му раскажаа се, велејки: 'Јосиф, синот твој е жив, и тој е господар над целата земја Египетска.' А неговото срце се смути, зашто не им веруваше.
27 Но, кога му раскажаа за се, што им беше рекол Јосиф, и кога ги виде колите, што му ги беше испратил Јосиф, за да го земат, тогаш оживе духот на Јакова, таткото нивни.
28 И рече Израил: 'Доволно е што е жив синот мој Јосиф; ке појдам да го видам, пред да умрам.'