Битие. Chapter 21

1 И Господ милостивно погледна на Са‘ра, како што беше рекол, и и направи Господ на Са‘ра како што и беше рекол.
2 Са‘ра зачна и му роди на Авраама син во староста негова, во време кога што му беше рекол Господ.
3 И Авраам го нарече со името Исак, синот што му се роди, кој му го роди Са‘ра.
4 И го обреза Авраам синот свој Исака во осмиот ден, како што му беше заповедал Господ.
5 Авраам имаше сто години кога му се роди синот Исак.
6 Са‘ра, пак, рече: 'Господ ми нанесе смеа; кој ке чуе за мене, ке ми се смее.'
7 И рече: 'Кој би рекол дека Са‘ра на Авраама ке му дои деца? Но сепак му родив син во староста негова.'
8 Детето порасна и беше одбиено. А Авраам приреди голема гозба во оној ден кога го одбија Исака, синот негов.
9 Виде Са‘ра дека синот на Агара Египтјанката, што му го роди таа на Авраама, се потсмева со нејзиниот син Исак.
10 па му рече на Авраама: 'Истерај ја оваа робинка со синот нејзин, зашто синот на оваа робинка не бива да стане наследник со мојот син Исака!'
11 А тоа на Авраама му беше многу тешко, поради синот негов Исмаила.
12 Но Бог му рече на Авраама: 'Нека не ти е криво заради детето и робинката! Се што ке ти рече Са‘ра, послушај го гласот нејзин, зашто по Исака ке се нарече потомството твое.
13 А и од синот на робинката ке издигнам голем народ, зашто тој е семе твое.'
14 И Авраам стана утредента рано, зеде леб и мев со вода, и и даде на Агара, ставајки и го тоа на грб, и детето, па ја отпушти. И таа тргна и се заскита по пустињата Вирсавија.
15 А кога снема вода во мевот, таа го остави детето под еден даб,
16 а самата отиде далеку, колку што со стрела може да се дофрли, и седна спроти него; зашто велеше: 'Не можам да ја гледам смртта на моето дете.' И седејки спроти него од далеку, кога го чу гласот на детето, почна гласно да плаче.
17 Но Бог го чу гласот на детето од местото каде што беше, и ангел Божји и викна на Агара од небото и и рече: 'Што ти е, Агаро? Не плаши се, бидејки Господ го чу гласот на детето оттаму, каде што е.
18 Стани, крени го детето и фати го за рака; оти од него ке направам голем народ.'
19 И Бог и ги отвори очите, и таа виде извор на жива вода; и отиде, па го наполни мевот со вода, и го напои детето.
20 А Бог беше со детето, и тоа порасна, и заживеа во пустињата, и стана стрелец со лак.
21 Тоа живееше во пустињата Фаран. И мајка му негова му зеде жена од земјата Египетска.
22 Во тоа време Авимелех, со Фихол, војводата негов, му рече на Авраама: 'Бог е со тебе во се што правиш.
23 А сега заколни ми се овде во Бога дека нема да ми напакостиш ни мене, ни на потомството мое, ниту на името мое; туку дека ке постапуваш добро со мене и со земјата, во која си гостин, како што потапував јас со тебе.'
24 И рече Авраам: 'Се заколнувам.'
25 Тогаш Авраам го прекори Авимелеха за изворите водни што ги зедоа слугите Авимелехови.
26 А Авимелех му рече: 'Не знам кој го направи тоа; ниту ти ми кажа, ниту, пак, чув за тоа до денес.'
27 А Авраам зеде овци и говеда, и му ги даде на Авимелеха, и тие двајца склопија сојуз.
28 Потоа Авраам одвои седум јагниња од стадото.
29 А Авимелех му рече на Авраама: 'Зошто се овие седум јагниња што ги одвои?'
30 Авраам, пак, одговори: 'Прими ги од моја рака овие седум јагниња, за да ми бидат сведоштво дека јас сум го ископал оној кладенец.'
31 Затоа она место се нарече Вирсавија, бидејки тука се заколнаа обајцата.
32 Откако склопија сојуз во Вирсавија, Авимелех со пријателот Охозат и Фихол, војводата негов, се кренаа и се вратија во земјата Филистејска.
33 И Авраам насади шумичка во Вирсавија, и таму го призва името на Господа, Вечниот Бог.
34 Авраам живееше во земјата Филистејска како придојден многу денови.