Исаија

1 Видение на Исаија, синот Амосов, кое го виде за Јудеја и Ерусалим, во деновите на јудејските цареви Озија, Јоатам, Ахаз и Езекија.
2 Чујте, небеса, и слушај, земјо, зашто Господ вели: 'Јас воспитав и подигнав синови, а тие се побунија против Мене.
3 Волот го познава стопанот свој, и оселот - јаслите на господарот свој, а Израилот не Ме познава, Мојот народ не разбира.'
4 Ах, народе грешен, народ претрупан со беззаконија, племе за злодејци и синови погубни! Го оставивте Господа, Го презревте Светецот Израилев, - се вративте назад.
5 Каде уште да ве бијат вас, кои се уште се противставувате? Целата глава ви е во рани, и целото срце ви е изнемоштено.
6 Од главата до петите нема во тој народ здраво место, сињаци, гнојни рани, нечистени, непреврзани и неомекнати со елеј.
7 Замјата ви е опуштошена, градовите ви се изгорени со оган; нивите ваши пред ваши очи ту инци ги јадат; и пустош е, како што запустуваат ту инци.
8 Остана керката Сионова како колиба во лозје, како сеница во градина, како опсаден град.
9 Да не беше ни оставил Господ Саваот мал остаток, ке бевме исто така како Содом, ке заприлегавме на Гомор.
10 Чујте го словото Господово, кнезови содомски, вслушајте се во законот на нашиот Бог, народе гоморски!
11 'Зашто ми се многуте ваши жртви - вели Господ. Презаситен сум од сепаленици на овни и од маснотија на згоен добиток; крв од телињата, од јагниња и јариња не сакам.
12 Кога доа ате да се јавите пред лицето Мое, кој ви бара да ги газите дворовите Мои?
13 Не принесувајте веке суетни жртви; кадењето е одвратно за Мене; новомесечија, саботи и празнични собранија не можам да трпам: беззаконие - и празнувања...?
14 Душата Моја ги мрази вашите новомесечија и вашите празници: тие се товар за мене, тешки Ми е да ги носам.
15 И кога протегате раце, Јас ги кријам од вас очите Свои, а кога ги умножувам молбите свои, Јас не слушам: рацете ваши се полни со крв.
16 Измијте се, исчиетете се; иставете ги од очите Мои лошите дела свои; престанете да правите зло;
17 научете се да правите добро, барајте правда, спасувајте угнетен, заштитувајте сирак, застапувајте се за вдовица.'
18 Тогаш дојдете и ке се пресуди, вели Господ. Гревовите ваши да се и како бакам, - како снег ке ги побелам; да бидат црвени и како пурпур, - како волна ке станат бели.
19 Ако Го барате и послушата, ке ги јадете добрата земни;
20 ако, пак, не сакате и се противставувате, меч ке ве истреби, тоа го рече устата Господова.
21 Како правичниот верен град Сион стана блудница? Во него царуваше правда, а сега престојуваат убијци.
22 Среброто ти стана како згура, виното ти е со вода помешано;
23 твоите кнезови се престапници на законот и соучесници на крадци; сите тие сакаат подароци и лакомат за награда; не заштитуваат сирак, и поплака на вдовица не стигнува до нив.
24 Затоа вели Господ, Господ Саваот, Силниот Израилев: 'О, ке ја истурам јароста на противниците Свои и ке им се одмаздам на непријателите Свои!
25 и ке ја свртам против тебе раката Своја и како во пепелница ке ја исчистам од тебе смешата и ке ги одделам од тебе се што е оловно;
26 и пак ке поставам судии, како порано, и советници како отпрвин; тогаш ке говорат за тебе: град на правда, верна престолнина!
27 Сион ке се спаси преку праведен суд, и обратените негови - преку правдата;
28 за сите отстапници и грешници - погибел, а оние, што го оставиле Господа, ке бидат истребени.
29 Тие ке бидат посрамени заради младите шуми, толку многу сакани од вас, ке црвенеат од срам заради градините што сте си ги избрале;
30 зашто вие ке бидете како дабот, чиј листа паднал и како градина, во која нема вода.
31 И силниот ке биде отпадок, а делото негово искра; ке горат заедно, - и никој нема да ги угасне.'