Броеви

1 И му рече Господ на Мојсеја во Синајската пустиња, во скинијата на сведоштвото, во првиот ден од вториот месец, на втората година, откако беа излегле од Египетската земја, велејки:
2 'Пребројте ја целата заедница на Израилеви синови според родовите нивни, според челадта нивна, според бројот на имињата нивни, сите од машки пол до еден;
3 од дваесет години нагоре, сите способни кај Изаилот за војна; според доброволечките чети пребројте ги ти и Арон;
4 заедно со вас треба да има од секое племе по еден претставник, кој е старешина на родот свој.
5 И еве ги имињата на мажите, што ке бидат со вас: од Рувима - Елисур, синот Седиуров;
6 од Симеона - Саламиил, синот Сурисадаев;
7 од Јуда - Наасон, синот Аминадавов;
8 од Исахара - Натанаил, синот Согаров;
9 од Завулона - Елиав, синот Хелонов;
10 ос синовите на Јосифа: од Ефрема - Елисам, синот Емиудов; од Манасија - Гамалиил, синот Фадасуров;
11 од Венијамина - Авидан, синот Гадеониев;
12 од Дана - Ахиезер, синот Амисадаев;
13 од Асира - Фагаил, синот Ехранов;
14 од Гада - Елисаф, синот Рагуилов;
15 од Нефралима - Ахиреј, синот Енанов.
16 Тие се избраните кнезови од народот на татковските племиња, началници на Израилевите иљадници.'
17 Тогаш Мојсеј и Арон ги зедоа тие именувани мажи
18 и го собраа сиот народ на првиот ден од месецот од втората година; и тие ги објавија своите родословија, според родовите свои, според домовите свои, според боројот на имињата, од дваесет години и нагоре, сите до еден од машки пол,
19 како што му беше заповедал Господ на Мојсеја. И тој го изврши пребројувањето нивно во Синајската пустиња.
20 Од синовите на Рувима, првородениот син на Израила, според родовите нивни, според домовите нивни, според бројот на имињата, сите до еден, сите од машки пол, од дваесет години нагоре, сите способни за војна.
21 Се изброија од племето Рувимово четириесет и шест иљади и петстотини.
22 Од синовите Симеонови според родовите нивни, според домовите нивни, според боројот на имињата, сите до еден, сите од машки пол, од дваесет години нагоре, сите способни за војна,
23 се изброија од племето Симеонови песедет и девет иљади и триста.
24 Кога беше утврдено потомството на Гадовите синови по нивните родови и семејства, беа избројани, глава по глава, имињата на оние од дваесет години и повеке, на сите способни за војна.
25 Избројаните од Гадовото племе беа четириесет и пет иљади и шест стотини и педесет.
26 Од синовите Јудини според родовите нивни, според бројот на имињата нивни, еден по еден, сите од машки пол, од дваесет години нагоре, сите способни за војна,
27 изброија од племето Јудино седумдесет и четири иљади и шестотини.
28 Од синовите Исахарови според родовите нивни, според домовите нивни, според бројот на имињата нивни, еден по еден, сите од машки пол, од дваесет години нагоре, сите способни за војна,
29 Избројаните од Исахаровото племе беа педесет и четири иљади и етири стотини.
30 Кога беше утврдено потомството на Завулоновите синови по нивните родови и семејства, беа запишани, глава по глава, имињата на сите од дваесет години и повеке, на сите способни за војна.
31 Избројаните од Завулоновото племе беа педесет и седум иљади и четири стотини.
32 Јосифовите синови: кога беше утврдено потомството на Ефремовите синови, по нивните родови и семејства, беа избројани, глава по глава, имињата на оние од дваесет години и повеке, на сите способни за војна.
33 Избројаните од Ефремовото племе беа четириесет иљади и пет стотини.
34 Кога беше утврдено потомството на Манасиевите синови, по нивните родови и семејства, беа запишани, глава по глава, имињата на оние од дваесет години и повеке, на сите способни за војна.
35 Избројаните од Манасиевото племе беа триесет и две иљади и двеста.
36 Кога беше утврдено потомството на Венијаминовите синови, по нивните родови и семејства, беа запишани, глава по глава, имињата на оние од дваесет години и повеке, на сите способни за војна.
37 Избројаните од Венијаминово племе беа триесет и пет иљади и четири стотини.
38 Кога беше утврдено потомството на Дановите синови, по нивните родови и семејства, беа избројани, глава по глава, имињата на оние од дваесет години и повеке, на сите способни за војна.
39 Избројаните од Дановото племе беа шеесет и две иљади и седум стотини.
40 Кога беше утврдено потомството на Асировите синови, по нивните родови и семејства, беа запишани, глава по глава, имињата на оние од дваесет години и повеке, на сите способни за војна.
41 Запишаните од Асировото племе беа четириесет и една иљада и пет стотини.
42 Кога беше утврдено потомството на Нефталимовите синови, по нивните родови и семејства, беа избројани, глава по глава, имињата на оние од дваесет години и повеке, на сите способни за војна.
43 Избројаните од Нефталимовото племе беа педесет и три иљади и четири стотини.
44 Тоа се оние кои ги избројаа Мојсеј и Арон со дванаесетте израелски главатари, по еден овек од секој татковски дом.
45 Беа избројани сите Израелци, по татковските домови, од дваесет години и повеке, сите способни за војна во Израел.
46 И така, сите избројани беа шест стотини и три иљади пет стотини и педесет.
47 Ме у нив не беа вброени левитите по поколенијата на нивните татковци.
48 Имено, Господ му рече на Мојсеја:
49 'Само Левиевото племе не го внесувај во пописот на Израелците.
50 Туку ти самиот одреди ги левитите за служба во Шаторот на Сведоштвото; за сиот негов намештај и се‘ што спа а во него; тие нека го носат Шаторот и сиот негов прибор; тие нека служат во него и нека го поставуваат својот логор околу него.
51 Кога Шаторот треба да биде преместен, левитите нека го разглобат; а кога Шаторот треба да застане, левитите нека го подигнат пак. Странец кој ке му се доблии нека биде погубен.
52 Израелевите синови нека ги оптегнуваат своите шатори секој во својот логор; секој при своето знаме, по чети.
53 Левитите нека престојуваат околу Шаторот на Сведоштвото, за да не падне гнев врз Израелевото општество. Така левитите нека чуваат стража околу Шаторот на Сведоштвото.'
54 Израелците направија така како што Господ му нареди на Мојсеја. Така направија во се‘.