2 Цареви

1 По смртта на Ахава, Моав се одметна од Израилот.
2 А Охозиј падна низ прозорската решетка на својата горна соба, која е во Самарија, и се разболе. Па испрати пратеници и им рече: 'Одете, прашајте го Веелзевула, акаронското божество: ке оздравам ли од оваа болест?' И тие отидоа да прашаат.
3 Тогаш Ангел Господов му кажа на Илија Тесвитецот: 'Стани, пресретни ги пратениците на самарискиот цар и кажи им: ‘Зар во Израилот нема Бог, та сте тргнале да го прашате Веелзевула, акаронското божество?‘
4 Затоа вака вели Господ: ‘Од постелата на која си легнал, нема да станеш, туку ке умреш‘'. И отиде Илија и им кажа.
5 Се вратија пратениците при Озохија. И тој ги праша: 'Зошто се вративте?'
6 Тие му одговорија: 'Не пресретна еден човек и ни рече: 'Одете, вратете се при царот, кој ве испратил, и кажете му: вака вели Господ: ‘зар во Израилот нема Бог, та испракаш да го прашаш Веелзевула, акаронското божество?‘ Затоа од посталата на која си легнал, нема да станеш, туку ке умреш.'
7 Тој ги праша: 'Каков беше на изглед оној човек, што ве пресретна и ви ги кажа тие зборови?'
8 Тие му одговорија: 'Тој човек целиот беше со влакна и беше опашан преку половината со кожен појас.' Тој рече: 'Тоа е Илија Тесвитецот.'
9 Тогаш испрати царот при него педесетник со неговите педесетмина. И тој се искачи при него, кога Илија седеше на врвот од гората, и му рече: 'Човеку Божји, царот нареди да слезеш.'
10 Одговори Илија и му рече на педесетникот: 'Ако сум јас човек Божји, нека падне оган од небото и да те изгори тебе и твоите педесетмина.' И падна оган од небото и го изгори него и неговите педесетмина.
11 Царот испрати друг педесетник со неговите педесетмина. И тој му проговори и рече: 'Човеку Божји, вака вели царот: ‘Слези поскоро!‘'
12 Илија одговори и му рече: 'Ако сум јас човек Божји, нека падне оган од небото и да те изгори тебе и твоите педесетмина'. И падна оган Божји од небото и го изгоре него и неговите педесетмина.
13 Царот испрати по третпат педесетник со неговите педесетмина. Третиот педесетник стана, та дојде, и падна на коленици пред Илија, го молеше и му зборуваше: 'Човеку Божји, да не биде презрена душата моја и душата на твоите слуги - овие педесетмина - пред твоите очи;
14 Ете, падна оган од небото и ги изгоре двајцата претходни педесетници со нивните педесетмина; но сега да не биде презрена душата моја пред твоите очи!'
15 Тогаш му рече Ангелот Господов на Илија: 'Оди со него и не плаши се од него.' И тој стана, та отиде со него при царот.
16 И му рече: 'Вака вели Господ: ‘Поради тоа што испрати пратеници да го прашаат Веелзевула, акаронското божество, како да немаше во Израилот Бог да Го прашаш за словото Негово, - ти нема да станеш од леглото, на кое си легнал, туку ке умреш.'
17 И тој умре според словото Господово, што го изрече Илија. И стана цар Јорам, братот на Охозија, место него, во втората година на Јорама, син Јосафатов, цар јудејски, бидејки оној немаше син.
18 Другото за Охозија, она што го извршил тој, е опишано во летописите на израилските цареви.