Песна над песните

1 Соломоновата Песна над песните
2 Возљубената: Да, сакам да ме целиваш со бакнежи на устата своја! Зашто твоите милувања се подобри од виното.
3 Од пријатниот мирис на твоите масла името ти е како разлеано миро; затоа те сакаат момите.
4 Поведи ме, да побрзаме; царот ме воведува во одаите свои, - ке се восхитуваме и ке се радуваме со тебе, ке ги фалиме твоите милувања повеке од вино. Навистина те сакаат!
5 Kерки ерусалимски, црна сум но сепак сум убава како шаторите кидарски, како Соломонови завеси.
6 Не гладајте ме оти сум црномурна, зашто сонцето ме подгорело: мајчините синови и се налутија, ме поставија да ги чувам лозјата - но своето сопствено лозје не го зачував.
7 Кажи ми ти, кого го сака душата моја: каде го пасеш стадото, каде пладнуваш? Зошто да бидам како скитник крај стадата околу твоите другари?
8 Хорот: Ако не го знаеш тоа, о, најубава ме у жените, тогаш оди си по овците свои и паси ги јарињата покрај пастирските шатори.
9 Возљубениот: Ти си ми, драга моја, како кобилка во фараонова двоколка.
10 Прекрасни се твоите образи под обетките, вратот твој - со ерданите;
11 Kе ти направам златни обетки со сребрени топчиња.
12 Возљубената: Додека царот беше крај трпезата, народот мој го испушташе својот пријатен мирис.
13 Смирнова китка е мојот возљубен: стои ме у градите мои.
14 Мојот возљубен ми е како кипарисов грозд во Енгедските лозја.
15 Возљубениот: О, убава си, мила моја, убава си! Имаш очи гулабови.
16 Возљубената: О, убав си, мил мој, прекрасен си! И постелата наша се зеленее.
17 Возљубениот: Покривите на куките ни се кедри, штиците наши - кипариси.