Излез

1 А овие се имињата на синовите Израилеви, кои дојдоа во Египет со Јакова, таткото нивни; секој со целото свое семејство дојде.
2 Рувим, Симеон, Левиј и Јуда,
3 Исахар, Завулон и Венијамин,
4 Дан и Нефталим, Гад и Асир. А Јосиф, пак, беше во Египет.
5 И сите, кои произлегоа од Јакова, беа седумдесет и пет души.
6 Потоа Јосиф умре и сите браша негови, и сиот нивни род;
7 а синовите Израилеви се народија и се намножија, и беа многу, и се засилија многу, така што земјата се наполни со нив.
8 Тогаш во Египет се зацари нов цар, кој не знаеше за Јосифа,
9 и му рече на народот свој: 'Еве, народот на синовите Израилеви е многуброен и посилен од нас.
10 Па ајде да ги надмудриме за да не се размножуваат; и, ако настане војна, да не се здружат со непријателите наши и да удрат на нас, па да не си отидат од земјата наша.'
11 И поставија над нив надзорници над работите за да ги мачат со работа. Така му ги изградија на Фараонот утврдените градови Питом и Рамзес и Он, наречен сега Илиопол.
12 Но, колку повеке ги мачеа, толку повеке се множеа, и се засилуваа многу, така што се плашеа Египтјаните од синовите Израилеви.
13 Затоа Египтјаните ги гонеа синивите Израилеви со жестокост,
14 и им го загорчуваа животот со тешки работи, со кал и правење тули, и со секаква работа во полињата, и со сите други работи, ги измачуваа немилосрдно.
15 Освен тоа, царот египетски им се обрати на бабиците еврејски, од кои на едната и‘ беше името Сепфора, а на другата Фуа;
16 и им рече: 'Кога ке бабувате кај Еврејките, и при породувањето, ако видите дека е машко, убијте го, а ако биде женско, запазете го!'
17 Но бабиците се плашеа од Бога и не правеа така, како што им заповеда царот египетски, туку ги оставаа децата од машки пол.
18 А царот египетски ги повика бабиците и им рече: 'Зошто правите така и ги оставата машките деца во живот?'
19 А бабиците му одговорија на Фараонот: 'Еврејките не се како жените египетски: зашто пред да дојде бабицата, тие веке родиле.'
20 Бог, пак, им превеше на бабиците добро; а народот се множеше и многу се засилуваше.
21 И бидејки бабиците се плашеа од Бога, Бог им правеше добро за да преуспеваат во животот.
22 Тогаш му заповеда Фараонот на целиот народ свој, велејки: 'Секое машко кое ке се роди кај Евреите, фрлете го в река: само женските деца оставајте ги во живот.'