1 Коринтјани

1 Павле, Силван и Тимотеј до црквата на Солунците, во Бог нашиот Татко, и Господ Исус Христос:
2 Благодат вам и мир од Бог нашиот Татко и Господ Исус Христос.
3 Должни сме секогаш да Му благодариме на Бог за вас, браќа, како што прилега, зашто вашата вера расте многу; и се умножува меѓусебната љубов на секој од вас,
4 така што ние самите се фалиме со вас меѓу Божјите цркви заради вашата истрајност и вера сред прогонствата и маките, што ги поднесувате.
5 Тоа е знак на Божјиот праведен суд, за да се сметате достојни за Божјото царство, за кое и страдате.
6 Зашто праведно е Бог да им возврати со мака на оние кои ве измачуваат,
7 а вам, на измачуваните, олеснување заедно со нас, кога ќе се јави Господ Исус од небото, со Своите силни ангели,
8 во пламенен оган, за да им се одмазди целосно на оние кои не Го познаваат Бог и кои не му се покоруваат на Евангелието на нашиот Господ Исус.
9 Таквите ќе бидат казнети со вечна погибел далеку од лицето на Господ и од славата на Неговата сила,
10 кога ќе дојде во оној ден, да се прослави во Своите светии и да Му се восхитуваат сите кои поверувале, зашто вие му поверувавте на нашето сведоштво.
11 Затоа и ние секогаш се молиме за вас, нашиот Бог да ве удостои да веповика и да исполни со моќ секоја добра волја во добрина и делото на вашата вера,
12 за да се прослави името на нашиот Господ Исус во вас и вие во Него, според благодатта на нашиот Бог и Господ Исус Христос.