Осија

1 Слово Господово што беше упатено до Осија, во деновите на јудејските цареви Озија, Јоатама, Ахаза, Језекија и во деновите на Израилскиот цар Јеровоам, синот Јоасов.
2 Почеток на словото Господово до Осија. Му рече Господ на Осија: 'Оди и земи жена блудница, па роди деца во блудство; зашто оваа земја многу блудствува, откако отстапи од Господа.'
3 И тој отиде и ја зеде Гомер, керката на Давлаима, која зачна и му роди син.
4 Тогаш Господ му рече: 'Стави му има Језраел, зашто уште малку и Јас ке му се одмаздам на Јујневиот дом за крвта пролеана во Језраелот и ке го укинам царството на Израилот,
5 и во тој ден ке го поразам лакот на Израилот во долината Језраел.'
6 Таа пак зачна и роди керка, и Он му рече: 'Именувај ја Лорухама, зашто Јас веке нема да го помилувам домот Израилев, и да им проштевам.
7 А домот Јудин ке го помилувам и ке ги спасам преку нивниот Господ Бог, не со лак, ниту со меч, ни со војска, ниту со коњи и коњаници.'
8 Потоа, откако ја одби од доење, одново зачна и роди син.
9 И му рече Он: 'Наречи го со името Лоам, зашто вие не сте Мој народ, и Јас нема да бидат ваш Бог.
10 Но бројот на синовите Израилеви ке биде како песокта морска, кој не ке може ни да се измери ниту да се изброи; и место да им речат - вие не сте Мој народ - ке им се рече - вие сте синови на живиот Бог.
11 И ке се соберат синовите Јудини и синовите Израилеви заедно и ке си постават еден старешина и ке излезат од земјата, зашто голем е денот на Језраелот.'