Хабакук

1 Пророчко видение што го имаше пророкот Авакум.
2 До кога, Господи, ке повикувам, а Ти не ме слушаш; викам кон Тебе поради насилството, а Ти не ме избавуваш?
3 Зошто ми дозволуваш да гледам злодејанија, и да гледам неволи? Грабежот и насилството се пред мене; се појавува непријателство, настанува раздор.
4 Поради тоа законот ја изгуби силата, нема веке праведен суд: нечестивиот го победува праведниот, и затоа судот се искривува.
5 Погледајте ме у народите, видете - и многу ке се зачудите и восхитите: зашто во ваше време Јас ке извршам такво дело, за кое вие не би поверувале, ако би ви раскажувале.
6 Оти Јас ке ги кренам Халдејците, народ жесток и необуздан, кој оди по ширините земни за да завладее населби, кои нему не му припа аат.
7 Тој е страшен и ужасен; тој самиот е и суд и власт.
8 Коњите негови се побрзи и од леопарди и поустремни од вечерни волци; коњицата негова се движи по разни страни; јавачи му доа аат од далечена, налетуваат како орли, што се спуштаа врз пленот.
9 Во групи тој оди по грабеж; го устремува лицето и тој заробува пленици како песок.
10 И со цареви се подигрува, а кнезовите му служат за подбив; над секоја тврдина тој се смее: засипува опсаден окоп и ја преземе.
11 Во таков случај духот му станува горд, оди и бујствува; силата негова му е бог.
12 Но, зар не си Ти од векот Господ Бог мој, Светецот мој? Ние нема да умреме! Ти, Господи, само за суд си го допуштил тоа. Карпо моја. За казна си го определил ова.
13 На чистите очи Твои не е својствено да гледаат злодејание и да гледаш угнетување Ти не можеш. Зошто гледаш злодејци и си безгласен, кога нечестивецот проголтува човек што е поправеден од него.
14 и ги оставаш лу ето како риба в море и како лазачи, кои немаат господар?
15 Сите тие со јадици ги лови, ги лови во мрежата своја, ги извлекува и ги собира на суво, па затоа се радува и весели.
16 Затоа на мрежата своја и принесува жртва и на торбата и кади со темјан, оти од нив делот му е мрсен и храната му е вкусна.
17 Па заради тоа ке сака ли да ја испразни мрежата своја и постојано да ги убива народите безмилосно?