1 Самуил

1 Имаше еден човек од Арматем-Сиф, од Ефремовата гора, името му беше Елкана, син Јеремилов, син Иллин, син на Такел, во Насив од Армател, од гората на Ефремовците;
2 тој имаше две жени: едната се викаше Ана, а другата Фенана; Фенана имаше деца, Ана, пак, немаше деца.
3 И во определени денови тој човек одеше од градот свој за да Му се поклони и да Му принесе жртва на Господ Саваот во Силом; таму беше Илиј и двајцата синови негови Офни и Финес, свештеници на Господа.
4 А во денот, кога Елкана принесуваше жртва, и даваше на жената своја Фенана и на сите нејзини синови и керки, по еден дар,
5 а на Ана, пак, и даваше посебен дар, зашто таа немаше деца, а и ја сакаше Ана повеке од Фенана, иако Господ и ја беше затворил утробата нејзина.
6 Соперничката нејзина многу ја огорчуваше, па ја тераше да негодува, поради тоа што Господ и ја беше затворил утробата нејзина.
7 Така стануваше секоја година, кога Елкана одеше во домот Господов: онаа ја огорчуваше, а оваа плачеше и не јадеше.
8 И и рече Елкана, мажот нејзин: 'Ано!' Таа му одговори: 'Еве, ме господару.' И и рече: 'Зошто плачеш и зошто не јадеш, и поради што е нажалено срцето твое? Не чинам ли јас за тебе повеке од десет синови?'
9 Откако јадеа и пиеја во Силом, Ана стана и застана пред Господа. А свештеникот Илиј седеше тогаш на стол при влезот во храмот Господов.
10 Таа тажеше во душата своја и Му се молеше на Господа и горко плачеше,
11 па се заветува, велејки: 'Господи, семокни Боже Саваоте! Ако погледнаш милостиво кон смиреноста на слугинката Твоја и се сетиш за мене, и не ја заборавиш слугинката Своја и и дадеш на слугинката Своја дете од машки пол, јас ке Му го дадам на Господа за сите денови на животот негов; и вино и сикер нема да пие и брич нема да се допре до главата негова.'
12 Додека таа се молеше долго пред Господа, Илиј ја гледаше во устата;
13 и бидејки Ана говореше во срцето свое, а устата нејзина само се мрдаше, и гласот нејзин не се слушаша, Илиј помисли дека и пијана.
14 И и рече: 'До кога ке бидеш пијана? Истрезни се од виното свое и истави се од лицето Господово.'
15 Ана одговори и рече: 'Не, господару мој; јас сум жена, која душено страда; вино и сикер не сум пила, а ја изливам душата своја пред Господа;
16 не ја сметај слугинката своја за лоша жена, зашто поради големата жалост и поради тагата своја јас говорев досега.'
17 Илиј одговори и рече: 'Оди си со мир, и Бог Израилев нека ја исполни молбата твоја, за која Го молеше.'
18 А таа одговори: 'Можеби слугинката твоја ке најде милост во твоите очи.' И таа тргна по патот свој, и јадеше, и лицето нејзино веке не беше тажно, како пред тоа.
19 И утредента тие станаа, се поклонија пред Господа и се вратија, па отидоа во домот свој во Арматем. И Елкана ја позна Ана, жената своја, и Господ си спомна за неа.
20 По извесно време Ана зачна, роди син и му даде има Самуил, бидејки велеше таа од Господа Бога Саваота го измолив.
21 И отиде мажот нејзин Елкана и целата челад негова во Силом, за да Му ја принесе годишната жртва на Господа и заветите свои и сите десетоци од земјата своја.
22 Но Ана не отиде со него, велејки му на мажот свој: 'Кога младенчето ке биде одбиено од градите и ке порасне, тогаш ке го одведам, и тој ке се јави пред Господа и ке остане таму засекогаш.
23 И и рече Елкана, мажот нејзин: 'Прави, она што ти е угодно; остани додека го одбиеш; само Господ да го утврди зборот што излегол од тојата уста.' И остана жена му и го хранеше синот, додека го исхрани.
24 А кога го одби, отиде со него во Силом, земајки со себе три телиња и лебови и една ефа брашно и мев со вино, па дојде во домот Господов во Силом, и момчето со нив; а момчето беше уште дете.
25 И го доведоа детето пред лицето на Господа; и татко му принесе жртва, каква што Му принесуваше на Господа во определините дни. И го приведоа момчето и заклаа теле; и мајка му Ана го доведе момчето при Илија,
26 и рече: 'О, господару мој, да живее душата твоја, господару мој! Јас сум онаа жена, која стоеше тука при тебе и Му се молеше на Господа;
27 за ова дете се молев, и Господ ја исполни молбата моја, за која Му се молев;
28 и јас го предавам сега на Господа за сите денови на животот негов - нека Му служи на Господа.' И таа Му се поклони таму на Господа.