Исус Навин

1 По смртта на Мојсеја, слугата Господов, Господ му рече на Навиновиот син Исуса, служител на Мојсеја, велејки:
2 'Мојсеј, слугата Мој умре; затоа сега стани, мини преку оној Јордан, ти и сиот овој народ, во земјата, која Јас им ја давам, на синовите Израилеви.
3 Секое место, на кое ке стапнат стапалата на вашите нозе, вам ви го давам, како што му реков на Мојсеја:
4 од пустињата и од Антиливан дури до големата река, реката Еуфрат, целата земја Хетејска, и до големото море на запад ке бидат ваши предели.
5 Никој нема да устои пред тебе преку сите денови на твојот живот; и како што бев со Мојсеја, така ке бидам и со тебе: нема да те оставам и ниту ке те презрам.
6 Биди цврст и храбар, зашто ке му ја разделиш земјата на овој народ, во наследство за која им се заколнав на татковците нивни дека ке им ја дадам;
7 само биди многу цврст и храбар, и грижливо пази го и извршувај го се она што ти го заповеда слугата Мој Мојсеј; не се отстранувај од сето тоа ни надесно ни налево, туку постапувај разумно со се што ке преземаш.
8 Да не се одделува од устата твоја ова книга на законот; туку поучувај се од неа дење и ноке, за да разбереш како ке го извршуваш се она, што е напишано во неа; зашто тогаш ти ке имаш успех во патиштата твои и умно ке постапуваш.
9 Еве, ова ти заповедам Јас: биди цврст и храбар, не плаши се и не се ужасувај; зашто Господ, твојот Бог, е заедно со тебе, каде и да одиш.'
10 Тогаш Исус им заповеда на управителите народни и рече:
11 'Влезете ме у народот и заповедајте им на лу ето и кажете им: пригответе си храна за пат, зашто по три дена ке ја минете реката Јордан, и ке влезете да ја преземете земјата, која Господ, Бог на вашите татковци, ви ја дава во наследство.'
12 А на племето Рувимово, Гадово и на полуплемето Манасиево Исус им рече:
13 'Спомнете си, што ви заповеда Мојсеј, слугата Господов, велејки: ‘Господ, вашиот Бог ве успокои и ви ја даде оваа земја;
14 жените ваши, децата ваши и добитокот ваш нека останат во земјата, која Мојсеј ви ја даде од оваа страна на Јордан; а вие храбрите, што можете да војувате, тргнете вооружени пред браката ваши и помагајте им,
15 додека Господ, вашиот Бог, не ги успокои браката ваши, како и вас; додека и тие не ја наследат таа земја, која Господ, вашиот Бог, им ја дава; тогаш вратете се во наследствоот свое и земете ја земјата, која Мојсеј, слугата Господов, ви ја даде од оваа страна на Јордан спрема исток.'
16 Тие му одговорија на Исуса: 'Се што ни заповедаш, ке направиме, и каде и да не пракаш, ке одиме;
17 како што го слушавме Мојсеја, така ке те слушаме и тебе; само Господ, твојот Бог, да биде со тебе, како што беше со Мојсеја;
18 секој, што ке се противи на твојата заповед и не ги послуша зборовите твои во се, што и да му заповедаш, ке биде погубен. Само биди цврст и храбар!'