Софонија

1 Словото Господово упатено до Софонија, синот на Хусија, син Годолиев, син Амориев, син Езекиин, во деновите на Јосија, син Амонов, цар јудејски.
2 Се ке истребам од земјата - вели Господ;
3 ке ги збришам лу ето и добитокот, ке ги истребам птиците небески и рибите морски и соблазните заедно со безбожниците; ке ги истребам лу ето од лицето на земјата, вели Господ.
4 И ке ја протегнам раката Своја врз Јудеја и врз сите жители на Ерусалим; ке ги истребам од тоа место остатоците на Ваала, името на жреците со свештениците,
5 и оние, кои на покривите се поклонуваат на небесната војска, и од поклониците оние што се колнат во Господа и се колнат во својот цар,
6 како и оние, што отстапија од Господа, не Го бараат Господа ниту прашуваат за Него.
7 Замолкни пред лицето на Господа Бога, зашто близу е денот Господен. Веке го приготви Господ жртвеното клање, определи и кого да повика.
8 Во денот на жртвата Господова Јас ке ги посетам кнезовите, синовите на царот и сите, што се облекуваат во облеки на другоплеменици;
9 ке ги посетам во оној ден сите, кои го прескокнуваат прагот, што го исполнуваат домот на својот Господ со насилство и измама.
10 И во тој ден, вели Господ, ке има вик при Рибните порти и ридање при другите порти, а и големо уривање на ридови.
11 Плачете жители од долниот дел на градот, оти ке исчезнат сите трговци; истребени ке бидат сите што носат сребро.
12 А во тоа време Јас ке го разгледам Ерусалим со светило и ке ги казнам оние, кои седат на своите стражарски места и велат во срцето свое: 'Господ не прави ни добро ни лошо';
13 пак ке станат богатствата нивни пљачка и куките нивни ке се запустат, и нема да живеат во нив; и ке насадат лоза, но вино нема да пијат од неа.
14 Близу е денот велик на Господа, близу е - и многу брза: веке и се слуша гласот на денот Господен. Со горчина ке завика тогаш дури и најхрабриот.
15 Тој ден е ден на гневот, ден на жалост и на тескоба, ден за запустување и уривање, ден на темнина и на мрак, ден облачен и маглив,
16 ден на труба и на боен повик против утврдените градови и високите кули.
17 И Јас ке ги притеснам лу ето, и тие ке одат како слепи, оти згрешија против Господа, и растурена ке биде крвта нивна како прав, и телата нивни како смет.
18 Ни среброто нивно, ниту златото нивно не ке може да ги спаси во денот на гневот Господен, а од огнот на ревноста Негова ке биде уништена таа земја, и тоа ке биде ненадеен крај на сите жители нејзини.