Естира

1 Потоа во дните на Артаксеркса, - тој Артаксеркс царуваше над сто и дваесет и седум области до Индија до Етиопија, -
2 во тоа време, кога царот Артаксеркс седеше на својот царски престол, што е во престолнината Суза,
3 во третата година на своето царување, тој приреди гозба за сите свои кнезови и слуги, за главните војводи на персиската и индијската војска и на своите обласни управници,
4 покажувајки многу денови, сто и осумдесет дена, големо богатство на царството свое и голем сјај на свето величие.
5 Откако завршија тие денови, царот приреди за народот свој, кој се нао аше во Суза, за мало и големо, седумдневна гозба во градскиот дом на царскиот дворец.
6 Бели памучни и со сина боја волнени пердиња, прицврстени со ленени и пурпурни врвци, висеа на сребрени алки и мермерни столбови.
7 Имаше златни и сребрени легла на плочникот, послани со зелен, бел, жолт и црвен мермер.
8 Јадењата се служеа во златни садови и садови разнообразни, по цена од триесет иљади таланти; и царското вино беше изобилно, според богатството на царот. Пиењето беше слободно: никој не прислуваше, бидејки царот им беше заповедал на сите свои управници на домот, да постапуваат според вољата на секој.
9 И царицата Астин исто така приреди гозба за жените во царскиот дом на царот Артаксеркс.
10 На седмиот ден, кога срцето на царот се развесели од виното, тој им рече на Амана, Вазана, Дареја, Вараза, Затолтана, Аватаза и Дарава - седум евнуси, што служеа пред царот Артаксеркс,
11 да ја доведат царицата Астин пред царевото лице со царски венец, за да им ја покаже најзината убавина на народите и на кнезовите, зашто таа беше многу убава.
12 Но царицата Астин не сакаше да дојде според царевата наредба, соопштена преку евнусите.
13 Царот многу се разгневи, и јароста пламна во него. И им рече царот на мудреците, кои ги познаваа поранешните времиња, - зашто царските дела се вршеа пред сите, што знаеја закон и правда,
14 а негови најблиски тогаш беа: Аркесеј, Сареотеј, и Малисеар, персиски и мидиски кнезови, кои седеа до царот на прво место:
15 'Како да постапиме според законот со царицата Астин, поради тоа што не го исполни зборот на царот Артаксеркс, соопштен преку дворјаните.'
16 Тогаш рече Мухеј пред лицето на царот и на кнезовите: 'Не само пред царот е виновна царицата Астин, туку и пред сите кнезови и началници царски;
17 зашто за постапките на царицата ке дознаат сите жени и ке почнат да ги запоставуваат мажите свои и да говорат: ‘царот Артаксеркс заповедал да ја доведат пред него царицата Астин, но таа не отишла.‘
18 Сега персиските и мидиските кнегињи, што ке чујат за постапката на царицата, ке им го кажат тоа на сите царски кнезови; и ке има горделивост, а и големи караници.
19 Ако му е на царот угодно, нека издаде царска заповед, што ке се запише во персиските и мидиските закони и да не се менува, дека Астин нема да излегува веке пред лицето на царот Артаксеркс, а нејзиното царско достоинство царот да го предаде на друга, подобра од неа.
20 Кога ке чујат за таа царска заповед, која ке се разнесе по целото негово царство, колку и да е големо, сите жени ке ги почитуваат мажите свои, од најголем до најмал.'
21 Тие зборови му се допаднаа на царот и на кнезовите: и царот постапи според зборовите на Мухеја;
22 па испрати до сите царски области писма, напишани за секоја област со писмото нејзино и на секој народ на јазикот негов: секој маж да биде господар на домот свој, и тоа да му се објави на секого на неговиот роден јазик.