Колосјани

1 Бог, Кој од дамнина, многупати и на многу начини им зборуваше на нашите татковци преку пророците,
2 во последниве денови ни зборуваше преку Синот Кого Го постави за наследник на сè и преку Кого го создаде и светот.
3 Тој е одблесок на Неговата слава и одраз на Неговото битие, Кој сè одржува преку моќта на Својот збор. Откако изврши исчистување на гревовите, седна оддесно на Bеличеството во висините;
4 и стана толку повозвишен од ангелите, колку што наследи повозвишено име од нив. Христос е повозвишен од ангелите.
5 Зашто, кому од ангелите некогаш му беше рекол: 'Ти си Мојот Син; денес Те родив' и пак: 'Јас ќе Му бидам Татко, а Тој ќе ми биде Син'?
6 И пак, кога Првородениот Го воведе во светот, рече: 'И да Му се поклонат сите Божји ангели!'
7 А за ангелите вели: 'Своите ангели ги прави ветрови а Своите слуги огнени пламени.'
8 А за Синот вели: 'Твојот престол, Боже, е вечен и скиптарот на правдата е скиптар на Твоето Царство.
9 Ја засака праведноста, а го замрази беззаконието, затоа Бог, Твојот Бог Те помаза со масло на радост, како никој од Твоите другари';
10 и: 'Ти, Господи, во почетокот ги положи темелите на земјата, и небесата се дело на Твоите раце.
11 Тие ќе бидат уништени, а Ти остануваш. И ќе остарат како облека,
12 и ќе ги свиткаш како наметка, како облека ќе се променат. А Ти секогаш си истиот и Твоите години немаат крај.'
13 А кому од ангелите некогаш му има речено: 'Седни од Мојата дена страна додека не ги направам Твоите непријатели подношка на Твоите нозе'?
14 Не се ли сите тие прислужнички духови испратени да им служат на оние кои ќе наследат спасение?