Тит

1 Од старешината, до избраната госпоѓа и нејзините деца, кои ги љубам во вистината, и не само јас, туку и сите кои ја познаваат вистината,
2 заради вистината што е во нас и што ќе биде со нас во вечни векови.
3 Благодатта, милоста и мирот од Бог Таткото и од Исус Христос, Синот на Таткото, нека бидат со нас во вистина и љубов.
4 Многу се зарадував зашто меѓу твоите деца најдов такви кои одат во вистината, така како што примивме заповед од Таткото.
5 И сега, госпоѓо, те молам, не како да ти пишувам нова заповед, туку онаа што ја имавме од почетокот - да се љубиме еден со друг.
6 А еве ја таа љубов: да живееме според Неговите заповеди. Ова е заповедта во која треба да живеете, како што чувте од почетокот.
7 Зашто многу измамници излегоа во светот, кои не признаваат дека Исус Христос дојде во тело; тоа е измамникот и антихристот.
8 Bардете се да не го изгубите она што ние го постигнавме, туку да ја примите целосната награда.
9 Секој оној кој оди предалеку и не останува во Христовото учење, Го нема Бога. Оној кој останува во учењето, тој ги има и Таткото и Синот.
10 Ако некој дојде кај вас и не го носи ова учење, не примајте го во вашиот дом и не поздравувајте го,
11 зашто оној кој го поздравува, учествува во неговите зли дела.
12 Имам многу да ви пишувам, ама не сакам на хартија и со мастило, туку се надевам дека ќе дојдам и лично ќе зборувам со вас, та нашата радост да биде целосна.
13 Те поздравуваат децата на твојата избрана сестра.