Битие. Chapter 24

1 А Авраам беше веке стар и во години, Господ го беше благословил во се.
2 И му рече Авраам на слугата свој, на најстариот во домот негов, кој стоеше над целиот негов имот: 'Стави ја раката своја под бедрото мое
3 и ке те заколнам во Господа Бога на небото и Бога на земјата, дека нема да земеш жена за синот мој од керките Хананејски, ме у кои живеам,
4 туку дека ке отидеш во земјата моја, каде што се родив, во родот мој, и ке му доведеш жена на синот мој Исака оттаму.'
5 А слугата му рече: 'Можно е девојката да не сака да појде со мене во оваа земја; ке го одведам ли синот твој во земјата, од која си се иселил?'
6 А Авраам му рече: 'Гледај да не го одведеш синот мој таму.
7 Господ, Бог на небесата и на земјата, Кој ме зеде од домот на таткото мој и од земјата, каде што сум роден, и Кој ми рече и ми се заколна, велејки: ‘Тебе и на потомството твое ке му ја дадам оваа земја‘, Он ке испрати ангел свој пред тебе, и ти ке доведеш жена за синот мој оттаму.
8 Ако, пак, девојката не сака да појде со тебе во оваа земја, тогаш нека ти е проста клетвата моја; само синот мој не пракај го таму!'
9 И ја стави слугата раката своја под бедрото на Авраама, господарот негов, и му се заколна во тоа.
10 Потоа слугата зеде десет камили од камилите на господарот свој, зеде и од драгоценостите на господарот свој со себе, па кога стана, се упати во Месопотамија, во градот Нахоров.
11 И ги остави камилите надвор од градот, покрај изворот, приквечерина кога жените излегуваат да полнат вода.
12 И рече: 'Господи, Боже на господарот мој Авраама, испрати ми ја денес во пресрет онаа, која ја барам, и направи му милост на господарот мој Авраама.
13 Еве, јас ке стојам крај овој извор, и керките на градските жители ке дојдат да налеат вода.
14 И на која девојка ке и речам - ‘Наведни ја стомната своја да пијам‘ - а таа ке рече - ‘На, пиј, и камилите твои ке ги напојам - додека се напивам,‘ неа си ја определил за слугата твој Исака; и по тоа ке разберам дека си му направил милост на господарот мој Авраама.'
15 И додека тој уште зборуваше во себе, а ете Ревека, керката на Ватуила, синот на Мелха, жената на Нахора, чиј брат е Авраам, дојде со стомната на рамо.
16 А беше многу убава девојка, која човек уште не беше познала. Таа слезе при изворот, ја наполни стомната, па појде угоре.
17 Тогаш слугата излезе пред неа и рече: 'Дај ми да се напијам малку вода од стомната твоја!'
18 А таа одговори: 'Еве, пиј, господару.' И брзо ја спушти стомната на раката своја, и му даде да пие, чекајки додека не се напие.
19 Па рече: 'И на камилите твои ке им налеам додека сите не се напијат.'
20 Па брзо ја истури стомната своја во поилото, и пак отрча до изворот да ја наполни, и им налеа на сите камили негови.
21 А човекот ја гледаше со восхит и молкум, но сакаше да узнае дали го благословил Господ патот негов или не.
22 А откако камилите се напоија, човекот изведи златни наушници, тешки поливина сикла, и две гривни за нејзините раце, од десет сикли злато.
23 Ја запраша и рече: 'Чија керка си? Кажи ми, има ли во куката на таткото твој место за пренокевање?'
24 А таа му одговори: 'Јас сум керка на Ватуила, синот на Мелха, која му го роди на Нахора.'
25 И уште рече: 'Има при нас многу слама и храна; а и место за нокевање.'
26 Тогаш човекот се наведна и Му се поклони на Господа,
27 па рече: 'Нека е благословен Господ Бог на господарот мој Авраама, Кој не го остави господарот мој без Своја милост и Својата правда спрема господарот мој. Господ ме доведе по прав пат во домот на братот од господарот мој.'
28 Девојката, пак, отрча и сето ова го кажа во домот на мајката своја.
29 А Ревека имаше брат, по име Лаван. Лаван побрза кон човекот крај изворот.
30 Откако ги беше видел наушниците и гривните на рацете од сестрата своја и чул кога сестра му Ревека рече - вака ми рече човекот - тогаш појде кај човекот; а тој стоеше со камилите при изворот.
31 И рече: 'Ела ти, кој си благословен од Господа; зошто да стоиш надвор? Јас ја приготвив куката; а има место и за камилите.'
32 Тогаш човекот влезе во куката; му ги растоварија камилите, и им дадоа слама и сено - храна на камилите, а му донесоа и вода за нозете негови и за лу ето, кои беа со него.
33 И им поставија леб да јадат. Но тој рече: 'Нема да јадам додека не кажам за што сум дојден.' И му рекоа: 'Зборувај!'
34 Тогаш рече: 'Јас сум слуга Авраамов.
35 Господ го благослови господарот мој многу, та стана голем; и му даде овци и говеда, сребро и злато, и слуги и слугинки, и камили и осли.
36 А Са‘ра, жената на господарот мој, под старост му роди син на господарот мој, и тој му го даде целиот свој имот.
37 Мене, пак, ме заколна господарот мој, велејки - ‘Немој да му доведеш на синот мој жена од керките Хананејски, ме у кои живеам;
38 туку појди во домот на таткото мој и во родот мој, и земи жена за синот мој.‘'
39 А јас му реков на господарот мој: 'Можеби девојката не ке сака да појде со мене!?'
40 А тој ми рече - 'Господ, пред чие лице одев, ке испрати ангел Свој со тебе, и ке ти го покаже патот твој до целта и ти ке земеш жена за синот мој од родот мој, од домот на таткото мој.
41 Тогаш ке ти биде проста клетвата моја, кога ке отидеш во родот мој; а ако не ти ја дадат, ке бидеш ослободен од клетвата моја.'
42 И кога дојдов денес при изворот, реков: 'Господи, Боже на господарот мој Авраама, ако си ме упатил на прав пат, по кој одам,
43 еве, јас ке застанам крај изворот, и на девојката, која ке дојде да налее вода, ке и речам - ‘Дај ми да се напијам малку вода од стомната твоја,‘ -
44 а таа ми одговори - ‘Еве ти пиј; и на камилите твои ке им налеам - таа нека биде жена, која што Господ ја определил за слугата Свој Исака; и по ова ке разберам дека си му направил милост на мојот господар Авраама.'
45 Јас уште не го изреков тоа во срцето свое, а Ревека дојде со стомната на рамо, и слегувајки на изворот, налеа: а јас и реков - Дај ми да се напијам.‘
46 И таа брзо ја спушти стомната на раката свој и рече - ‘Еве, пиј ти; и камилите твои ке ги напојам.‘ - Се напив, и камилите мои ги напои.'
47 Тогаш ја прашав и реков: - ‘Чија керка си?‘ А таа одговори: - ‘Јас сум керка на Ватуила, синот на Нахора, кого му го роди Мелха. Тогаш и ги ставив наушниците и гривните на рацете нејзини.
48 Па се наведнав и Му се поклонив на Господа; и Го благословив Господа Бога на господарот мој Авраама, Кој ме поведе по правиот пат да ја земам керката од братот на господарот за неговиот син.
49 А сега кажете ми: 'Kе му направите ли милост и правда на господарот мој, или не? Ако, пак, не сакате, кажете ми, и јас ке тргнам надесно или налево.'
50 А Лаван и Ватуило одговорија: 'Од Господа дојде ова; ние не можеме да ти кажеме ни лошо, ни добро.
51 Ете, Ревека е пред тебе, земи ја, па оди, и нека му биде жена на синот од твојот господар, како што рекол Господ.'
52 А кога ги чу слугата Авраамов зборовите нивни, Му се поклини на Господа доземи.
53 Потоа слугата извади работи златни и сребрени, и облека, и и ги даде на Ревека; а и на братот нејзин и на мајката нејзина им даде подароци.
54 Па јадеа и пиеја тој и лу ето, кои беа со него, и нокеваа. А утредента кога станаа, тој рече: 'Пуштете ме да се вратам при господарот мој!'
55 А братот нејзин и мајка и рекоа: 'Нека остане девојката кај нас макар уште десетина дена, па тогаш одете.'
56 Но тој им рече: 'Не задржувајте ме кога Господ го благослови мојот пат; пуштете ме да си одам кај господарот мој!'
57 А тие рекоа: 'Да ја викнеме девојката, и да ја прашаме, што ке рече таа.'
58 И ја повикаа Ревека, па и рекоа: 'Сакаш ли да одиш со овој човек?' А таа одговори: 'Сакам.'
59 И ја пуштија Ревека, сестрата своја, и слугинките нејзини, со слугата Авраамов и лу ето негови.
60 Ја благословија Ревека и и рекоа: 'Сестро наша, да се умножиш на иљади и иљади, и потомството твое да завладее во градовите над непријателите твои!'
61 И стана Ревека со слугинките свои, и се качија на камилите, и тргнаа со човекот. Така слугата ја зеде Ревека и си отиде.
62 А Исак беше дошол во Беер Лахај Рој, зашто живееше во јужниот крај.
63 Приквечер излезе Исак во полето да се прошета, па ги крена очите: а тоа - ете, камилите идат.
64 Ревека, откако ги подигна очите свои и го виде Исака, слезе од камилата
65 и го праша слугата: 'Кој е оној човек, што преку полето ни доа а во пресрет?' А слугата одговори: 'Тоа е господарот мој.' - Тогаш таа зеде превез, па се покри.
66 И му раскажа слугата на Исака се што беше направил.
67 Тогаш Исак ја одведе Ревека во шаторот на Са‘ра, мајката своја, и таа му стана жена, и му омиле. И Исак се утеши за Са‘ра, мајката своја.