Битие. Chapter 31

1 Во тоа време чу Јаков дека синовите Лаванови зборуваат : 'Јаков зеде се, што беше на нашиот татко, и од она што беше на нашиот татко, го доби тоа цело богатство.
2 И виде Јаков дека лицето на Лавана не е спрема него како вчера и завчера.
3 И му рече Господ на Јакова : 'Врати се во земјата на таткото свој и во родот свој; и Јас ке бидам со тебе!'
4 Тогаш испрати Јаков, и ги повикаа Рахил и Лија од полето, каде што беше стадото,
5 и им рече : 'Гледам дека лицето на вашиот татко не е спрема мене како вчера и завчера; но Бог на таткото мој беше со мене.
6 Вие самите знаете дека на вашиот татко му служев со сета своја сила,
7 а таткото ваш ме лажеше и десетпати ми ја мени платата, но Бог не му дозволи да ми направи зло.
8 Кога тој ке речеше - секоја шарена нека биде твоја награда, - тогаш сите се ра аа шарени. А кога ке речеше - секоја пружеста да ти биде плата - тогаше сите се ра аа пружести.
9 Така Бог го одзеде добитокот од вашиот татко и ми го даде мене.
10 Еднаш, кога се пареше доботокот, ги кренав очите мои и видов сон, а тоа - овните и јарците што скокаа на овците и козите беа пружести, наместа бели и шарени.
11 И ангел Божји ми рече во сонот : 'Јакове!' А јас одговорив : 'Еве ме!'
12 А тој рече: 'Крени ги очите твои и погледај, овните и јарците што скокаат на овците и козите, се пружести, со бели дамки и шарени; оти гледам се што ти прави Лаван.
13 Јас сум Бог, Кој ти се јави во Ветил, каде што го прели каменот и ми направи таму завет; стани сега и оди си од оваа земја, и врати се во родниот крај и ке бидам со тебе.'
14 Тогаш одговорија Рахил и Лија, и му рекоа : 'Дали имаме уште некаков дел од наследството во домот од таткото наш?
15 Зарем не не сметаше како ту инки? Тој не продаде и го изеде нашето сребро.
16 Сето ова богатство и слава, што му ги зеде Бог на таткото наш, ке биде наше и на нашите деца. Затоа сега прави онака како што ти рекол Бог.'
17 И се крена Јаков, па ги качи децата свои и жените свои на камили;
18 и го зеде со себе сиот свој добиток, и целото свое богатство, што го беше придобил во Месопотамија, за да појде кај Исака, таткото негов, во земјата Хананска.
19 А Лаван беше отишол да ги стриже овците свои; тогаш Рахил му ги украде идолите на таткото свој.
20 И Јаков затаи од Лавана Арамеецот, не јавувајки му дека ке си оди.
21 И си замина тој со целото богатство свое, и се крена и премина преку реката, па се упати кон гората Галад.
22 На третиот ден му јавија на Лавана Арамеецот дека Јаков побегнал.
23 И ги зеде со себе синовите и браката свои, па тргна по него во потера, и по седум дена го стигна во гората Галад.
24 Но Бог му дојде на Лавана Арамеецот ноке во сон, и му рече: 'Пази се, не зборувај му на Јакова лошо!'
25 И го настигна Лаван Јакова; а Јаков ги беше распнал шаторите свои во гората. А и Лаван исто така ги распна со сродниците свои во гората Галад.
26 И Лаван му рече на Јакова : 'Што направи? Зошто ме излага и ги одведе керките мои, како со оружје грабнати?
27 Зошто тајно избега и скришум отиде од мене? Ако ми кажеше, јас ке те испратев со веселба и со песни, со тимпани и гусли?
28 Ти не ме удостои дури ни да ги бакнам внуците мои и керките мои? Постапи навистина неразумно.
29 Сега можам да постапам лошо со тебе. Но Бог на вашиот татко ми рече нокеска, велејки : - ‘Пази се, на Јакова не зборувај му лошо.‘
30 Оди си, значи, кога толку си се зажелел да се најдеше во куката таткова - но зошто ги украде идолите мои?'
31 А Јаков му одговори на Лавана и рече : 'Се плашев, оти помислив дека насила ке ми ги грабнеш керките свои од мене, и се мое.'
32 И рече Јаков : 'Кај кого ке ги најдеш идолите твои, тој нека не живее повеке; пред нашите сродници барај го она, што е твое кај мене.' Но тој ништо не најде кај него, а Јаков, пак, не знаеше дека Рахил, жената негова, ги украла.
33 И влезе Лаван и ги пребара во шаторот на Јакова и во шаторот Лиин и во шаторот на двете робинки, и не ги најде. Па, откако излезе од шаторот на Лија, влезе во шаторот на Рахил.
34 А Рахил беше ги зела идолите и ги сокрила под седлото на една од камилите и беше седнала на нив.
35 А таа му рече на таткото свој : 'Немој да се налутиш, господару мој, што не можам да станам пред тебе, оти го имам она што е кај жените обично. И ги бараше Лаван по целиот шатор, но не ги најде идолите свои.
36 И Јаков се налути, па се скара со Лавана и, велејки, му рече : 'Што сум направил, што сум згрешил, па толку жестоко ме гониш?
37 Ги пребара сите работи мои, и што најде од куката твоја? Покажи овде пред моите и пред твоите сродници, и тие нека пресудат ме у нас двајцата.
38 Еве, дваесет години бев кај тебе: овците твои и козите твои не се јаловеа; а овни од твоето стадо не јадев.
39 Што ке заколеа sверовите, не ти го носев, сам го надоместував; од мене го бараше она, што ке беше загубено дење или ноке.
40 Дење ме изнуруваше горештината, а ноке мрзнев; и сонот ми бегаше од очите.
41 Такви ми беа дваесетте години во твојата кука. Ти служев четиринаесет години за двете керки твои и шест години за овците твои, и платата ми ја измени десетпати.
42 Да не беше со мене Бог на мојот татко, Бог Авраамов, и стравот од Исака со мене, ти секако би ме отпуштил празен. Но Бог ја виде мојата невоља и трудот на рацете мои, па те прекори вчера.'
43 А Лаван му одговори на Јакова и рече: 'Kерките се мои керки; децата се мои деца, добитокот е мој добиток и, се што гледаш, се е мое и на керките мои; па можам ли нешто да им направем ним и на децата што ги родија тие?
44 Туку ајде да склучиме сојуз јас и ти, и тоа нека биде сведоштво ме у мене и тебе!' А Јаков му рече: 'Никого нема со нас. Бог е сведок ме у мене и тебе.'
45 Тогаш Јаков зеде камен и го постави за спомен.
46 И им рече Јаков на сродниците свои: 'Соберете камења!' И Насобраа камења и ги нафрлија на куп, и јадеа таму на купот. Му рече Лаван: 'Оваа грамада денес сведочи ме у мене и тебе.'
47 Лаван го нарече купот Јегар - Сахадут, односно грамада сведоштво. А Јаков го нарече Галад, т.е. грамада сведок.
48 И му рече Јаков на Лавана: 'Овој куп и овој камен што го поставив ме у мене и тебе ке сведочи пред мене и тебе и затоа се нарече со името Галад.'
49 А се нарече и Миспа, оти Лаван рече: 'Нека гледа Бог на мене и на тебе, откако ке се разделиме еден од друг.
50 Ако постапуваш со керките мои лошо или ако земаш други жени покрај керките мои, тоа, иако нема човек да биде ме у нас да гледа, ете, Бог е сведок ме у мене и тебе.'
51 И уште му рече Лаван на Јакова: 'Еве го овој куп, еве го овој споменик, што го поставив ме у тебе и мене;
52 овој спомени нека биде сведок дека ниту јас нема да мина преку овој куп кај тебе, ниту ти кај мене ке минеш преку овој куп и преку овој споменик за лошо.
53 Бог Авраамов и Бог Нахоров, нека суди ме у нас!' И Јаков се заколна во - стравот на неговиот татко Исака.
54 Тогаш Јаков закла жртва во гората, и ги повика сродниците свои; и тие јадеа, пиеја и нокеваа во гората.
55 А утрина стана Лаван, и ги бакна внучињата и керките свои, и ги благослови; па се врати Лаван и отиде во своето место.