Битие. Chapter 33

1 И погледа Јаков со очите свои, па виде, ете Исав, братот негов доа а, и со него четиристотини лу е. И ги раздели децата на Лија, и на Рахил и на двете слугинки.
2 И ги постави слугинките со нивните деца напред, а Лија и нејзините деца зад нив; додека Рахил со Јосифа беа последни.
3 А самиот тој излезе прв пред нив и седумпати се поклони доземи, додека не дојде до братот свој.
4 Исав истрча пред него и го прегрна, па му се обеси околу вратот и го бакна, и обајцата заплакаа.
5 Исав, пак, кревајки ги очите, ги виде жените и децата, па рече: 'Кои ти се овие?' А Јаков одговори: 'Деца, со кои Бог го помилува слугата твој.'
6 Тогаш пристапија слугинките со децата свои, и се поклонија.
7 Потоа пристапи Лија и децата нејзини, и се поклонија; а најпосле пристапија Јосиф и Рахил, и се поклонија.
8 А Исав рече: 'Зошто ти е сите оние лу е, што ги сретнав?' Јаков одговори: 'Да најдам милост пред очите на господарот мој.'
9 Исав, пак, рече: 'Има, брате, при мене доста; нека ти остане табе она што е твое.'
10 Но Јаков рече: 'Ако најдов милост пред очите твои, прими го дарот од мојата рака, зашто кога го видов лицето твое дека убаво ме пречекува, како да бев го видел лицето Божјо.
11 Прими го дарот мој, што го донесов; бидејки изобилно ме обдари Бог, и имам се.' И навали на него и тој го прими.
12 Потоа рече Исав: 'Ајде да одиме, ке појдам и јас со тебе.'
13 Но Јаков му рече: 'Знае господарот мој дека овие деца се мали, а имам овци и крави доилки, па, ако ги подгонам само еден ден побрзо, ке ми изгине сето стадо.
14 Туку нека тргне господарот мој пред слугата негов, а јас ке одам полека, колку што можат децата и добитокот пред мене, и ке дојдам кај господарот мој во Сеир.'
15 Исав рече: 'Kе ти оставам неколку лу е, што се со мене.' Јаков одговори: 'Зошто? Доволно е само да најдам милост пред господарот мој.'
16 И така Исав се врати истиот ден по својот пат во Сеир.
17 А Јаков отиде и таму си направи дом, а за добитокот свој направи трла. Затоа тоа место го нарече Сокот.
18 Потоа Јаков дојде во Сихем, град во земјата Хананска, откако се врати од Месопотамија, и се насели спроти градот.
19 И купи парче земја, каде што го распна шаторот свој, од Емор, таткото Сихемов, за сто ковани пари.
20 И таму подигна жртвеник, и го призва Бога Израилев.