Битие. Chapter 40

1 Потоа се случи, пехарникот на царот египетски и лебарот да му згрешат на господарот свој, царот египетски.
2 И Фараонот се разгневи над тие двајца дворјани, на старешината над пехарниците и на старешината над лебарите,
3 па ги стави под стража во куката на заповедникот на стражата, каде што Јосиф беше затореник.
4 А заповедникот на стражата ги предаде на Јосифа тој да ги пази. И останаа тие таму некое време.
5 И обајцата сонија сон во иста нок, секој по значењето на својот сон за себе, и пехарникот и лебарот на царот египетски, кои беа затворени во темницата.
6 А утредента, кога дојде Јосиф кај нив, ги виде, а тие беа невесели.
7 Па ги запраша дворјаните Фараонови, кои беа под стража заедно со него во куката на господарот негов, и рече: 'Што ви се денес лицата толку нажалени?'
8 А тие му одговорија: 'Обајцата сонивме сон, а нема кој да ни го протолкува.' Јосиф им рече: 'Што значат, не ли е тоа во Бога? Раскажете ми ги!'
9 И старешината над пехарниците му го раскажа сонот свој на Јосифа, велејки 'Ете, пред мене лоза,
10 на лозата имаше три прачки; и таа запупи и расцути, врза грозје, кое узреа;
11 а во раката ми беше чашата Фараонова, зедов еден грозд, го истискав во Фараоновата чаша и му ја дадов чашата на Фараонот в рака.'
12 Јосиф му рече: 'Еве го значењето: трите прачки лозови се три дена.
13 По три дена Фараонот ке те помилува и пак ке те постави на поранешната служба; и одново ке му ја подаваш чашата во раката негова како и порано, кога му беше пехарник.
14 Но, кога ке ти биде добро, сети се на мене и направи ми добро; спомни му на Фараонот за мене и изведи ме од оваа тврдина;
15 оти ме украдоа од земјата Еврејска; а и овде ништо лошо не сум направил, за да бидам фрлен во затвор.'
16 А кога виде старешината над лебарите колку добро му го протолкува сонот, му рече на Јосифа: 'И јас сонив: и тоа - на главата моја три кошници леб;
17 во најгорната кошница имаше се што јаде Фараонот, што го прават пекарите; и птици небески колваа од кошницата над мојата глава.'
18 А Јосиф одговори и рече: 'Тоа значи - три кошници се три дена.
19 По три дена Фараонот ке ти ја земе главата и ке те обеси на дрво, а птиците ке колваат од телото твое.'
20 И кога дојде третиот ден, а тоа беше денот во кој се родил Фараонот, тој им приреди гозба на своите слуги, па се сети на старешината над пехарниците и на старешината над лебарите поме у слугите свои;
21 И го врати старешината над пехарниците на поранешната служба, за да му ја подава чашата на Фараонот,
22 додека старешината над лебарите го обеси на дрво, како што беше рекол Јосиф.
23 Но старешината над пехарниците не си спомна за Јосифа, туку го заборави.