Битие. Chapter 20

1 Авраам оттаму тргна на југ, и се настани ме у Кадес и Сур; и живееше некое време во Герар како придојден.
2 Тогаш велеше Авраам за жената своја Са‘ра, дека му е сестра, оти се плашеше да рече дека му е жена, за да не го убијат жителите градски заради неа. А царот герарски Авимелех испрати, и ја зеде Са‘ра.
3 Но Бог дојде при Авимелех ноке во сон, и му рече: 'Ете, ке умреш заради жената, која си ја зел, зашто таа има маж.'
4 А Авимелех не беше се допрел до неа, па рече: 'Господи, зар ке погубиш народ праведен?
5 Нели самиот ми рече - ‘Сестра ми е - а и таа самата рече ‘Брат ми е - а јас тоа го направив простосрдечно и со чисти раце.'
6 Тогаш му рече Бог во сонот: 'Затоа те задржав да не грешиш пред Мене и не ти допуштив да се допреш до неа.
7 А сега врати му ја на човекот жената негова, зашто е пророк, и ке се помоли за тебе, и ке останеш жив. Ако не ја вратиш, знај дека ке умреш и ти и сите твои.
8 Утредента рано стана Авимелех, и ги повика сите слуги свои, и им го кажа сето тоа да го чујат. И тие многу се уплашија.
9 Тогаш Авимелех го повика Авраама и му рече: 'Што направи ти со нас? Што ти згрешив, па сакаше да навлечеш на мене и на царството мое голем грев? Ми го направи она, што никој не го прави.'
10 И уште му рече Авимелех на Авраама: 'Што имаше на ум, кога го направи тоа?'
11 А Авраам одговори: 'Си помислив дека во ова место нема страв Божји, па ке ме убијат поради жената моја.
12 А всушност и ми е сестра: по татко, но не и по мајка: и се омажи за мене.
13 А кога ме изведе Господ од домот на мојот татко, јас и реков: направи ми добро и кажи за мене, и во секое место каде што ке дојдеме: ‘Брат ми е'
14 Тогаш Авимелех зеде овци, и говеда, и слуги, и слугинки, и му ги даде на Авраама, и му ја врати Са‘ра, жената негова.
15 И му рече Авимелех на Авраама: 'Еве, земјата моја е пред тебе; и каде што ти е угодно, насели се!'
16 А на Са‘ра и рече: 'Еве, му дадов на твојот брат иљада сикли сребро: тоа нека ти биде во чест на твоето лице, превез пред очите на сите, кои се со тебе, и пред сите си оправдана.'
17 Авраам, пак, Му се помоли на Бога, и Бог ги исцели Авимелеха, и жената негова, и слугинките негови, и тие почнаа да ра аат;
18 зашто Господ ги беше затворил сите утроби во домот на Авимелеха поради Са‘ра, жената Авраамова.