Битие. Chapter 14

1 Во она време сенарскот цар Амарфал, еласарскот цар Ариох, еламскиот цар Ходологомор и гоимскот цар Таргал,
2 сите тие цареви завојуваа против содомскот цар Вал, против гоморскиот цар Варса, против адамскот цар Сенар, севоимскот цар Симовор и со царот на Валак, односно Сигор.
3 Сите тие се собраа во долината Сидим, која е сега Солено Море.
4 Дванаесет години му служеа на Ходологомор, а во тринаесеттата се побунија.
5 Во четиринаесеттата дојде Ходологомор и царевите, кои беа со него, па ги поразија xиновите во Астарот и во Карнаим, Зузејците во Хам, Омејците во долината Каријатим,
6 И Хорејците во гората нивна Сеир, дури до рамнината Ел Фаран, која се нао а покрај пустињата.
7 А кога се вратија оттаму, дојдоа до изворот Мисфат, односно Кадис, и ја опустошија целата област Амаликитска, како и Аморејците, кои живееја во Асасах - Тамар.
8 Тогаш излегоа царот содомски и царот гоморски, царот адски, царот севоимски и царот од Валака, односно Сигор, и појдоа во борба против нив во долината Сидим,
9 против Ходологомор, царот еламски, и Тагар, царот гоимски, и Амарфал, царот сенарски, и Ариох, царот еласарски; четири цара против пет.
10 Во долината Сидим имаше, пак, многу јами, од кои се вадеше смола. И побегнаа царот содомски и царот гоморски, и паднаа во нивни плен; а другите избегаа во планините.
11 И го зедоа целиот имот на Содом и Гомор и сета храна нивна, па си отидоа.
12 Го зедоа и Лота, братанецот Аврамов, кој живееше во Содом, и богатството негово, и си отидоа.
13 А еден од оние, што се беа избавиле, дојде и му се јави на Евреинот Аврам, кој тогаш живееше при дабот Мамре, Амореецот, брат Есколов и брат Абнанов, Аврамови сојузници.
14 А кога Аврам чу дека му е заробен братанецот Лот, ги вооружа слугите свои, триста и осумнаесет, кои се родија во неговата кука, и тргнаа во потера до Дан.
15 Тука ги распореди своите и удри на нив ноке, со слугите свои, и ги разби, и ги гонеше до Ховал, кој е лево од Дамаск.
16 И го поврати целиот имот содомски; го врати и Лота, братанецот свој, со богатството негово, и жените и народот.
17 А царот содомски му излезе во пресрет, кога се врати, откако го разби Ходологомор и царевите, што беа со него, во долината Савин, која е сега Долина на царевите.
18 И Мелхиседек, царот салимски, изнесе леб и вино; а тој беше свештеник на Севишниот Бог,
19 па го благослови Аврама, велејки: 'Благословен да е Аврам од Севишниот Бог, Создателот на небото и земјата!
20 Благословен да е и Севишниот Бог, Кој ги предаде непријателите твои во рацете твои!' И му даде Аврам десетти дел од се.
21 А царот, пак, содомски му рече на Аврама: 'Дај ми ги мене лу ето, а имотот земи си го за себе!'
22 Но Аврам му рече на царот содомски: 'Ја кревам раката своја кон Севишниот Господ Бог, Создател на небото и земјата,
23 дека ни конец, ниту, пак, ремен од обувки, нема да земам од се она, што е твое, да не речеш - јас го збогатив Аврама -,
24 освен, она што изедоа момците, и освен делот на лу ето, што одеа со мене: Ескол, Авнан, и Мамре; тие нека го земат својот дел.'