Битие. Chapter 19

1 Оние два ангела стигнаа вечерта во Содом кога Лот седеше пред портата содомска. А кога ги виде Лот, стана да ги пресретне, и се поклони доземи.
2 И рече: 'Господари мои, влезете во куката на слугата Ваш, да пренокевате, и измијте си ги нозете Свои; па утре рано, кога ке станете, одете си по Својот пат.' А тие рекоа: 'Не, тука ке нокеваме на улица.'
3 Но тој настојуваше, и тие појдоа по него и влегоа во домот негов. И тој ги нагости, им испече лебови пресни, и јадеа.
4 И уште не беа легнеле, а гра аните содомски се насобраа околу куката, стари и млади, целиот народ од сите краишта на градот.
5 И го повикаа Лота и му рекоа: 'Каде се лу ето, кои дојдоа да нокеваат кај тебе? Изведи ги да бидеме со нив!'
6 Лот излезе пред нив до влезот, ја затвори вратата зад себе,
7 и им рече: 'Брака мои, немојте да правите зло!
8 Еве имам две керки, кои уште не биле со маж; ке ги изведам кај вас, па правете со нив што ви е угодно; само на оние лу е не правете им ништо, бидејки се дојдени под покривот на мојот дом.'
9 А тие му рекоа: 'Мавни се оттука! Си дошол ваму да живееш како придојден, па, и ке ни судиш ли? Сега со тебе ке постапиме уште полошо отколку со нив.' Па навалија силно на човекот, на Лота, и се доближија да ја кршат вратата.
10 Тогаш оние мажи ги протегнаа рацете свои надвор и го вовлекоа Лота кај себе, во куката, и ја затворија вратата од куката.
11 А лу ето, кои беа пред портата кукна, наеднаш ослепеа, од мал до голем, и не можеа да ја најдат вратата.
12 Тогаш оние мажи му рекоа на Лота: 'Ако имаш зетови, синови или керки, или кој и да било свој во овој град сите нив изведи ги од ова место!
13 Зошто сакаме да го сотреме ова место, бидејки повикот против нив е голем пред Господа, па не испрати Господ нас да го уништиме.'
14 И излезе Лот, и им кажа на зетовите свои, на кои сакаше да им ги даде керките свои, и им рече: 'Станете, одете си од ова место, зашто Господ сега ке го сотре свој град!' Но на зетовите негови им се причини оти се шегува.
15 А кога зората зазори, навалија ангелите на Лота да побрза и му рекоа: 'Стани, земи ја жената своја, и двете керки твои, кои се тука, за да не загинеш поради беззаконието на овој град!'
16 Но тој се двоумеше. Затоа ангелите го фатија за рака него, жената негова, и двете керки негови, оти Му беше жал на Господа, и ги изведоа, па ги оставија надвор од градот.
17 А кога ги изведоа надвор од градот, еден од нив рече: 'Спасувај се и спаси ја душата своја; и не обsрнувај се назад, не запирај никаде во оваа околина! Бегај на оној рид, за да не загинеш.'
18 А Лот рече: 'Ти се молам, Господи!
19 Еве, слугата Твој најде милост пред Тебе, и милоста Твоја е голема, што ја направи спрема мене, оти ми го спаси животот; но јас не можам да се спасам на ридот, бидејки ке ме стигне злото и ке загинам.
20 Ене, во оној град; доста е близу, да побегнам таму, а местото е мало; таму ке се спасам, зашто е мал; па ке останам жив, благодарејки на Тебе.'
21 А Он му рече: 'Еве, ке те послушам и затоа нема да го уништам градот, за кој рече.
22 Бегај побрзо таму; оти не можам да направам ништо, додека не стигнеш онаму.' Заради ова оној град се нарече Сигор.
23 И кога сонцето огреа по земјата, Лот пристигна во Сигор.
24 Тогаш излеа Господ на Содом и на Гомор од небото дожд од сулфур и оган од Господа од небото.
25 И ги сосипа оние градови и целата околија, и сите жители во тие градови, и сите растенија земни.
26 Но жената Лотова, одејки по него, погледна назад и се претвори во солен столб.
27 А уредента рано, откако стана, Авраам отиде на местото каде што беше стоел пред Господа;
28 и погледна на Содом и на Гомор и на целата околија и виде: и, ете, се креваше пламен од земјата како чад од печка.
29 Но додека Бог ги унуштуваше градовите во онаа околија, се сети Бог на Авраама, па го изведе Лота од пропаста кога ги сосипуваше Господ градовите, каде што живееше Лот.
30 А Лот излезе од Сигор, и се настани на оној рид со двете керки свои; се плашеше да живее во Сигор. Па се насели во пештера со двете керки свои.
31 А постарата и рече на помладата: 'Нашиот татко е стар, а нема човек во земјава да влезе при нас, како што е обичај по целата земја.
32 Ајде да му дадеме на таткото наш вино, за да се опие; па да легнеме со него, за да го зачуваме потомството на нашиот татко!'
33 И му дадоа вино на татка си во онаа нок; и влезе постарата и легна со таткото свој; а тој не сети ни кога легнала таа, ни кога станала.
34 А утредента и рече постарата на помладата: 'Ете, нокеска бев со својот татко. Да го опиеме со ниво и вечерва: па влези и ти легни со него, за да му го запазиме потомството на таткото наш!'
35 И таа нок му дадоа на татка си вино; и влезе помладата и спа со него; а тој не узна ни кога таа легнала ни кога станала.
36 И обете керки Лотови зачнаа од таткото нивни.
37 И постарата роди син, и го нарече Моав, велејки од татка ми е. Тој е прататко на Моавците до денес.
38 А и помладата роди син, и го нарече Амон, велејки: 'Син од мојот род.' Од него се Амонците до денешниов ден.