Битие. Chapter 37

1 Јаков живееше во земјата, во која беше придојден неговиот татко Исак, во земјата Хананска.
2 Еве го животот на Јакова: кога беше на седумнаесетгодишна возраст Јосиф го пасеше добитокот на татка си со браката свои, со синовите на Вала и со синовите на Зелфа, жените на неговиот татко. Јосиф му носеше лоши гласови на татка си за нив.
3 А Јаков го сакаше Јосифа многу повеке од сите синови свои, зашто му се роди под староста, и му направи шарена облека.
4 А браката, гледајки дека таткото нивни го сака многу повеке од сите синови свои, го замразија, така што не можеа убав збор да му кажат.
5 Притоа Јосиф сони сон и им го раскажа на браката свои.
6 И им рече: 'Чујте го сонот што го сонив -
7 врзуваме снопја во полето, и одеднаш мојот сноп се исправи, и застана прав, а вашите снопови се распоредија наоколу и му се поклонија на снопот мој.'
8 Тогаш браката му рекоа: 'Да не би ке станеш уште цар наш и да ни заповедаш?' Затоа уште повеке го замразија, поради соништата негови и поради зборовите негови.
9 Потоа тој сони и втор сон, и им го раскажа на татка си и на браката свои, велејки: 'Видов и уште еден сон, а тоа - сонцето и месечината и единаесетте sвезди ми се клањаа.'
10 Но татко му го прекори и рече: 'Каков е тој сон што си го сонил? Зар јас и мајката твоја, и браката твои, ке дојдеме тебе да ти се поклониме доземи?'
11 И му позавидоа браката негови; но таткото негов ги чуваше тие зборови.
12 Еднаш браката негови отидоа да ги пасат стадата на таткото нивни кај Сихем.
13 Тогаш Израил му рече на Јосифа: 'Браката твои не го пасат ли доботокот кај Сихем? Ајде да те испратам при нив.' А тој рече: 'Добро, одам.'
14 И уште му рече Израил: 'Отиди и види како се браката твои и како е добитокот, па јави ми.' И го испрати од долината Хевронска; и тој отиде во Сихем.
15 И човек еден го најде како скита по полето, па го запраша, велејки му: 'Што бараш?'
16 А тој одговори: 'Ги барам браката мои; кажи ми, те молам, каде го пасат добитокот?'
17 А човекот рече: 'Тие си заминаа одовде, зашто чув како велат - ајде да одиме во Дотаим.' И отиде Јосиф по браката свои, и ги најде во Дотаим.
18 А тие го видоа оддалеку; и, пред да им се приближи, почнаа да се договараат за да го убијат.
19 И си рекоа поме у себе: 'Ене оној што сонува, иде.
20 Ајде сега да го убиеме и да го фрлиме во некоја од овие јами, па ке речеме - лута sверка го изеде. Тогаш ке видиме што ке стане од неговите соништа.'
21 Но, кога го чу тоа Рувим, се обиде да го спаси од рацете нивни, па рече: 'Да не го убиваме!'
22 И уште им рече Рувим: 'Крв да не пролеваме; фрлете го во една од овите јами во пустињата, но не кревајте рака на него.' А тој сакаше да го спаси од рацете нивни и да го одведе кај татка му.
23 И кога Јосиф дојде кај браката свои, тие му ја соблекоа облеката шарена, што ја имаше на себе.
24 И го фарија, па го фрлија во една јама; а јамата беше празна; немаше вода во неа.
25 Потоа седнаа да јадат леб. И кревајки ги очите, видоа Исмаилци како доа аат од Галад со камилите свои, натоварени со миризливи растенија, балсам и смирна; го пренесуваа тоа во Египет.
26 Им рече Јуда на браката свои: 'Каква полза ке имаме, ако го убиеме братот наш и ја сокриеме крвта негова?
27 Ајде да им го продадеме на овие Исмаилци, па да не клаваме рака на него, зашто брат ни е, наша крв е.' И го послушаа браката негови.
28 Па кога трговците Мадијамски минуваа покрај нив, тие го извадија Јосифа од јамата и им го продадоа на Исмаилците за дваесет златници; а овие го одведоа Јосифа во Египет.
29 А кога се врати Рувим кај јамата, Јосифа го немаше во јамата. Тогаш тој ја раскина облеката своја.
30 И отиде кај браката свои и рече: 'Го нема момчето: а сега, каде да се денам јас?'
31 Тогаш ја зедоа облеката Јосифова, и заклаа јаре, па ја натопија облеката со крв.
32 И ја испратија шарената облека да се однесе на нивниот татко и да се рече: 'Ја најдовме оваа облека, па види дали е тоа облеката на синот твој, или не?'
33 А тој ја позна и рече: 'Облеката е на мојот син, sверка лута го изела; Јосиф е, навистина, растргнат.'
34 И ја раскина Јаков облеката своја, па се препаша со покајнички кострет околу себе; и тагуваше по синот свој многу дни.
35 И се собраа сите синови негови и керки негови да го тешат; но тој не можеше да се утеши, туку велеше: 'Со тага во адот ке појдам по синот мој.' Така го оплакуваше таткото негов.
36 А Мадијамците го продадоа Јосифа во Египет на Петефри, дворјанин на Фараонот, заповедник на стражата.