Битие. Chapter 22

1 По тие настани Бог, искушувајки го Авраама, рече: 'Аврааме!' А тој одговори: 'Еве ме!'
2 Бог продолжи: 'Земи го сега саканиот син твој Исака, па оди во земјата Морија, и принеси го таму како жртва сепаленица на една горичка што ке ти ја покажам!'
3 И утредента рано, откако стана, Авраам го оседла ослето свое, зеде со себе двајца од слугите свои и Исака, синот свој; па, откако исцепи дрва за жртвата, се крена, појде и дојде на местото, за кое му рече Бог.
4 На третиот ден, кревајки ги очите свои, Авраам го здогледа местото оддалеку.
5 И им рече Авраам на слугите свои: 'Останете вие овде со ослето, а јас и детето ке одиме онаму, па откога ке се помолиме, ке се вратиме кај вас.'
6 И зеде Авраам дрва за жртвата, му ги натовари на Исака, синот свој, а самиот тој зеде во свои раце огнило и нож; па отидоа обајцата заедно.
7 Тогаш му рече Исак на Авраама, таткото свој: 'Татко!' А тој одговори: 'Што е, синко!' И рече Исак: 'Ете огнило и дрва, а каде е јагнето за жртва?'
8 А Авраам одовори: 'Бог ке си предвиди, синко, јагне за жртва.' И обајцата го продолжија патот заедно.
9 И стигнаа до местото, за кое му беше рекол Бог. Тука Авраам направи жртвеник, и кладе дрва на него, а откако го врза Исака, синот свој, го стави на жртвеникот врз дрвата.
10 Тогаш Авраам ја пружи раката своја и го зеде ножот да го заколе синот свој.
11 Но ангел Господен викна од небото, и рече: 'Аврааме! Аврааме!' А тој одговори: 'Еве ме!'
12 И ангелот продолжи: 'Не кревај рака своја на детето, и не прави му ништо! Еве, сега знам, оти се плашиш од Бога штом не го пожали ни саканиот свој син заради Мене.'
13 И Авраам ги крена очите свои и погледа: а тоа - зад него овен, кој се беше сплеткал со роговите во гасталакот. И Авраам отиде, го зеде овенот и го принесе како жртва сепаленица место синот свој.
14 И го нарече Авраам ова место: 'Господ ке предвиди.' Затоа и денес се вели: 'На горичката Господ се јави.'
15 А ангелот Господен повторно го викна од небото Авраама,
16 и рече: 'Се колнам во Себе - вели Господ - кога така направи, и не го пожали саканиот свој син заради Мене.
17 Навистина, Јас ке те благословам и преблагословам, и потомството твое ке го умножам и преумножам како sвездите на небото и како песокта на морскиот брег! А потомците твои ке ги завладеат градовите на непријателите свои.
18 И ке бидат благословени преку потомството твое сите народи на земјата, зашто го послуша гласот Мој.'
19 Тогаш Авраам се врати при слугите свои, и се кренаа, па се вратија заедно во Вирсавија. И се насели Авраам во Вирсавија.
20 По тие настани му јавија на Авраама: 'Ете, и Мелха му роди синови на братот твој Нахор!'
21 Уз, неговиот првенец, брат му Вуз, и Камуила, таткото на Арамејците,
22 Хазада, Азава, Фалдеса, Елдафа и Ватуила.
23 А Ватуило ја роди Ревека. Овие осумте му ги роди Мелха на Нахора, братот на Авраама.
24 А неговата наложница, по име Ревма, ги роди овие: Тавека, Гама, Тохоса и Моха.