Битие. Chapter 3

1 Но змијата беше полукава од сите sверови полски, што ги создаде Господ Бог; па и рече на жената: 'Вистина ли е дека Бог рекол да не јадете од ниедно дрво во рајот?'
2 А жената и рече на змијата: 'Ние јадеме род од секое дрво во рајот;
3 - само од родот на она дрво среде рајот, - рече Бог, - не јадете и не се допирајте до него, за да не умрете!'
4 Тогаш змијата и рече на жената: 'Не, вие нема да умрете!
5 Бог знае оти оној ден кога ке вкусите од него, ке ви се отворат очите, па ке станете како богови и ке знаете што е добро, а што зло.'
6 И жената, гледајки дека родот на дрвото е добар за јадење, и убав за гледање, и дека дрвото е пожелно поради знаењето, набра род од него и јаде, па му даде и на мажот свој, та и тој вкуси.
7 Тогаш им се отворија очите на обајцата, и увидоа дека се голи; па исплетоа лисја од смокви и си направија опашала.
8 И го чуја гласот на Господа Бога, кога Он одеше низ рајот во приквечерината; и се сокрија Адам и жена му.
9 Но Господ Бог го повика Адама и му реча: 'Адаме, каде си'?
10 А тој одговори: 'Го чув гласот Твој во рајот кога врвеше, па се уплашив, оти сум гол, и се сокрив.'
11 И Господ рече: 'Кој ти кажа дека си гол? Да не си јал од она дрво, од кое ти забранив да јадеш?'
12 Адам, пак, рече: 'Жената, која ми ја даде Ти, таа ми даде од дрвото, и јас јадев.'
13 Тогаш Господ Бог и рече на жената: 'Зошто го направи тоа?' Жената одговори: 'Змијата ме измами, и јас јадев.'
14 На змијата, пак, и рече Господ Бог: 'Затоа што си го направила тоа, проклета да си ме у сите животни и сите sверови полски; помешечки ке се влечеш и прав ке јадеш се до крајот на својот живот!
15 И ставам непријателство ме у тебе и жената и ме у родот твој и породот нејзин. Он ке ти ја гази главата, а ти ке го каснуваш во петата.'
16 А на жената и рече: 'Kе ти ги умножам и преумножам маките кога си бремена; со болки ке ра аш деца, и ке бидеш под власта на мажот свој, и тој ке ти биде господар!'
17 Па потоа му рече на Адама: 'Бидејки ја послуша жената и вкуси од дрвото, од кое ти забранив и реков: - не јади од него - затоа земјата нека биде проклета поради тебе; со мака ке се храниш од неа се до крајот на својот живот;
18 трње и троскот ке ти ра а; и ти ке јадеш трева полска.
19 Со пот од лицето свое ке јадеш леб, се дури не се вратиш во земјата, од која си земен; зашто си земја, и во земја ке се вратиш!'
20 И ја нарече Адам жената своја Ева, бидејки таа стана мајка на сите живи.
21 А Господ Бог им направи на Адама и на жената негова облеки од кожа, и ги облече во нив.
22 И рече Господ Бог: 'Ете, Адам стана како еден од Нас, знаејки што е добро и што е зло; но сега да не ја испружи раката своја и да земе од дрвото на животот, и да вкуси, па да заживее вечно!'
23 Тогаш Господ Бог го изгони од градината Едем, за да ја обработува земјата, од која беше земен.
24 Откако, пак, го изгони Адама, постави на исток пред градината Едем херувим и огнено оружје, кое се вртеше и натаму и наваму, за да го пазат патот кон дрвото на животот.