Битие. Chapter 47

1 И отиде Јосиф, па му јави на Фараонот, велејки: 'Таткото мој и браката мои, со овците нивни и говедата нивни, и со се што имаа, дојдоа од земјата Хананска; и, ете, тие се сега во земјата Гесемска.'
2 И земајки од браката свои пет души - ги претстави пред Фараонот.
3 А Фараонот им рече на браката Јосифови: 'Каква работа работите?' Тие му одговорија на Фараонот: 'Овчари се слугите твои, и ние и нашите татковци, од детство па до сега.'
4 И уште му рекоа на Фараонот: 'Дојдовме да поживееме во оваа земја, зашто нема пасишта за доботокот на слугите твои, бидејки голем глад завладеа во земјата Хананска; затоа дозволи им на слугите твои да се населат во земјат Гесем Арабиски.'
5 А Фараонот му рече на Јосифа: 'Таткото твој и браката твои дојдоа при тебе;
6 земјата Египетска е во твоја власт; насели ги на најдобро место: таткото твој и браката твои; нека живеат во земјата Гесем; и, ако знаеш, дека ме у нив има способни лу е, постави ги за надгледници над мојот добиток.'
7 Потоа го доведе Јосиф Јакова, таткото свој и го претстави пред Фараонот: Јаков го благослови Фараонот.
8 А Фараонот го праша Јакова: 'Колку години имаш?'
9 Му одговори Јаков на Фараонот: 'Деновите на мојот живот на земјата се сто и триесет; годините на мојот живот беа кратки и злочести и не ги достигнаа дните на татковците мои, колку што тие живееја.'
10 Потоа се збогува со Фараонот и, откако го благослови, Јаков си отиде од него.
11 А Јосиф ги насели и таткото свој и браката свои и им даде најдобро место во сопственост во земјата Египетска во областа Рамзес како што беше заповедал Фараонот.
12 И му даде Јосиф жито на таткото свој и на браката свои, и на целиот татков дом, според бројот на членовите.
13 Но жито немаше по целата земја, зашто гладот стана многу голем: се истошти земјата Египетска и земјата хананска од глад.
14 И ги собра Јосиф сите пари што се нао аа во земјата египетска и во земјата Хананска, мерејки им жито, што го купуваа, и ги однесе во домот Фараонов.
15 И снема пари во земјата египетска и во земјата Хананска. Тогаш сите Египтјани почнаа да доа аат кај Јосифа и викаа: 'Дај ни леб! Зошто да умираме пред тебе? Парите веке свршија.'
16 А Јосиф им велеше: 'Дајте го доботокот свој, па ке ви дадам леб за доботокот, штом парите сте ги потрошиле.'
17 И го доведуваа добитокот свој кај Јосифа, а Јосиф им даваше жито за коњите, за овците, за воловите и за ослите. Така ги исхрани таа година со жито во замена за сиот добиток нивни.
18 А кога помина таа година, почнаа пак да доа аат кај него и втората година, велејки: 'Зар да изгинеме пред господарот наш? Бидејки парите наши свршија, а и добитокот и имотот што го имавме пред тебе, и кај господарот наш, па не ни остана веке ништо да му донесеме на господарот наш, освен телата наши и нивите наши.
19 За да не пропаднеме пред очите твои, купи не нас и нивите наши за жито, па ние и земјата наша да му станеме робови на Фараонот. А ти дај ни семе, да сееме и да останеме живи и да не умреме, та и земјата да не запусти.'
20 И тако Јосиф ја купи за Фараонот сета земја во земјата Египетска, бидејки сите Египтјани ја продадоа својата земја на Фараонот, зашто гладот ги притисна. И земјата стана Фараонова.
21 А народот го пороби од едниот крај на Египет до другиот.
22 Само не ги купи имотите на жреците, бидејки Фараонот имотите им ги подарил, и тие се хранеа од давачки, што им ги определил Фараонот. Затоа тие не ја продадоа земјата своја.
23 Јосиф, пак, им рече на сите Египтјани: 'Ете, ве купив денес вас и нивите ваши за Фараонот. Па, еве ви семе, и посејте ги нивите.
24 Но од родот една петина ке му давате на Фараонот, а четирите дела нека останат за вас: за сеење на нивите и за прехрана ваша и на оние, кои се по домовите ваши.'
25 А тие рекоа: 'Ти ни го запази животот; нека најдеме милост пред господарот наш и да му бидеме робови на Фараонот.'
26 И донесе Јосиф закон, кој е и денес во сила во земјата Египетска: петина му припа а на Фараонот, освен од земјата на жреците, што не стана Фараонова.
27 А Израил се насели во земјата египетска, во областа Гесем, која ја држеше, и се изнародија и намножија многу.
28 И поживе Јаков во земјата Египетска седумнаесет години; а деновите на Јакова броеја сто и четириесет и седум години
29 А кога се наближи времето Израил да умре, го повика синот свој Јосифа и му рече: 'Ако сум нашол милост пред тебе, стави ја раката твоја под бедрото мое, и направи ми милост и вети ми: немој да ме погребеш во Египет.
30 Но за да почивам кај татковците мои, затоа пренеси ме од Египет горе и погреби ме во гробот нивни.' А тој рече: 'Kе направам како што велиш.'
31 И му рече: 'Заколни ми се!' И тој му се заколна. Тогаш Израил му се поклони врз перницата на постелата.