Битие. Chapter 29

1 Тогаш се крена Јаков и отиде во земјата на исток, кај Лавана, синот на Ватуила Арамеецот, братот на Ревека, мајката на Јакова и Исава.
2 Одеднаш забележа во полето извор; и ете три стада овци лежеа околу него, бидејки на тој извор се поеја стада. Но голем камен имаше над отворот од изворот.
3 И се собираа таму сите стада, го иставаа каменот од отворот на изворот и ги напојуваа овците, а потоа пак го ставаа каменот над отворот од изворот на неговото место.
4 Јаков им рече : 'Од каде сте вие, брака?' Тие одговорија : 'Од Харан сме.'
5 А тој им рече : 'Го познавате ли Лавана, синот Нахоров?' Тие рекоа : 'Го познаваме.'
6 Тој пак ги праша : 'Здрав ли е?' Рекоа : 'Здрав е, и еве Рахил, керката негова, иде со стадото.'
7 И тој рече : 'Ете, уште е рано и не е време добитокот да се прибира. Напојте ги овците, па одете и пасете ги!'
8 А тие рекоа : 'Не можеме, додека не се соберат сите стада, за да се истави каменот од отворот над изворот, па тогаш ке ги напоиме овците.'
9 Додека тој уште зборуваше со нив, дојде Рахил со стадото од таткото нејзин, бидејки таа ги пасеше овците.
10 А кога ја виде Јаков Рахил, керката Лаванова, братот на мајка си, и стадото на Лавана, братот на мајка си, пристапи Јаков и го истави каменот од отворото на изворот, и го напои стадото на вујка си Лавана.
11 И ја целива Јаков Рахил, па извика и заплака.
12 Потоа и кажа на Рахил дека тој му е род на таткото нејзин и дека е син на Ревека, а таа оттрча, па го извести таткото свој.
13 А кога чу Лаван за Јакова, синот на неговата сестра, му излезе во пресрет, го прегрна и бакна, и го воведе во својот дом. А тој остана при него цел месец.
14 Лаван, пак, му рече : 'Ти си навистина коска од моите коски и од мојата плот!' И тој остана при него цел месец.
15 Тогаш му рече Лаван на Јакова : 'Зарем бесплатно ке ми служиш оти си ми род? Кажи ми, која да ти биде платата?'
16 А Лаван имаше две керки : на постарата и беше името Лија, а на помладата Рахил.
17 На Лија очите и беа болникави, а Рахил имаше убава става и убаво лице.
18 На Јакова му омиле Рахил, па рече : 'Kе ти служам седум години за Рахил, твојата помала керка.'
19 Тогаш Лаван рече : 'Подобро тебе да ти ја дадам, отколку на друг; остани при мене!'
20 И отслужи Јаков за Рахил седум години, и тие му се причинија како неколку дена, зашто ја сакаше.
21 И му рече Јаков на Лавана : 'Дај ми ја жената, зашто дојде времето да влезам при неа!'
22 И ги повика Лаван сите лу е од тоа место и направи сведбена гозба.
23 А вечерта ја зеде Лаван Лија, керката своја, и ја воведе кај Јакова, и Јаков влезе при неа.
24 И Лаван и ја даде Зелфа, слугинката своја, на Лија, керката своја, за да и биде слугинка.
25 А кога настана утрото, се виде дека тоа била Лија, па му рече Јаков на Лавана : 'Што ми направи? Нели за Рахил ти слугував? Зошто ме измами?'
26 А Лаван му рече : 'Не бива во нашето место да се омажи помалата пред постарата.'
27 Помини оваа седмица со неа, па ке ти ја дадам и другата, за која ке ми слугуваш други седум години.'
28 И Јаков направи така, и помина со неа една седмица. Потоа му ја даде Лаван за жена Рахил, керката своја.
29 И и ја даде Лаван слугинката своја Вала на Рахил, керката своја, за да и биде слугинка.
30 Тогаш Јаков влезе при Рахил. И Рахил повеке ја засака отколку Лија. И така му служеше на Лавана уште други седум години.
31 Кога виде Господ Бог, пак, дека Лија не е сакана, и ја отвори утробата нејзина, а Рахил остана неплодна.
32 Лија зачна и му роди син на Јакова, и го нарече Рувим, велејки : 'Господ милостивно погледна на смирението мое, сега ке ме засака мажот мој.'
33 И пак зачна, и роди син, па рече : 'Господ чу дека не сум сакана, па ми го даде и овој.' И го нарече Симеон.
34 И одново зачна, пак роди син и рече : 'Сега веке ке ми се наклони мажот мој, оти му родив три сина!' Затоа му стави име Левиј.
35 А кога пак зачна, и роди син, рече : 'Сега ке го восфалам Господа!' Затоа го нарече Јуда. И престана да ра а.