Битие. Chapter 8

1 И си спомна Бог за Ноја, и за сите sверови и сиот добиток, што беше со него во ковчегот; и навеа Бог ветар на замјата, и водите запреа.
2 Изворите на бездната и окната небески се затворија, и дождот од небото престана.
3 Водата почна постепено да опа а на замјата, и по сто и педесет дена намали.
4 И се запре ковчегот во седмиот месец на седумнаесеттиот ден на ридовите од планината Арарат.
5 Водата, пак, опа аше се повеке до десеттиот месец; и во првиот ден од десеттиот месец се покажаа врвовите на планините.
6 А по четириесет дена го отвори Ное прозорецот на ковчегот, што го беше направил;
7 И пушти гавран, да види дали се повлекла водата на замјата и, откако одлета, не се врати додека не се исуши водата.
8 Потоа пушти гулаб, за да види дали исчезнала водата од лицето на земјата;
9 но гулабот, бидејки не најде каде да застане со своите нозе, се врати кај него во ковчегот, зашто уште имаше вода по целата земја; и Ное ја спружи раката, го фати и го зеде кај себе во ковчегот.
10 Почека уште други седум дена, и повторно го пушти гулабот од ковчегот.
11 Гулабот се врати кај него приквечер, и тоа, во клунот со свеж маслинов лист; така позна Ное дека опаднала водата од земјата.
12 Почека потоа уште седум дена, и одново го пушти гулабот, а тој повеке не му се врати.
13 Во шестотини и првата година, во првиот ден од првиот месец на Ноевиот живот, ја снема водата од земјата; и Ное го отвори покривот, и ја виде земјата сува.
14 А на даваесет и седмиот ден, од вториот месец, целата земја беше сува.
15 Тогаш му рече Господ Бог на Ноја:
16 'Излези од ковчегот, ти и жената твоја, а со тебе и синовите твои, и жените на синовите твои;
17 сите животни, што се со тебе од секое суштество, од птиците, добитокот и сите влекачи што лазат по земјата, изведи ги со себе, нека се растурат по земјата, и нека се плодат и множат на земјата!'
18 И излезе Ное, а со него и синовите негови, и жената негова, и жените на синовите негови;
19 сите sверови, и сиот добиток и сите лазачи, сите птици - се што се движи по земјата, според родот нивни, излегоа од ковчегот.
20 И Му направи Ное жртвеник на Господа; зеде од секој чист добиток и од сите птици чисти, и принесе на жртвеникот жртви сепаленици.
21 И Господ го почувствува мирисот пријатен, па рече Господ Бог, помислувајки: 'Нема повеке да ја проколнувам земјата поради човекот, зашто помислите на срцето човечко се зли уште од младини; и нема повеке да ги уништуам живите суштества, што ги создадов.
22 Отсега, па се дури постои земјата, нема да престанат сеењето и жнеењето, студот и горештината, летото и зимата, деновите и ноките.'