Битие. Chapter 18

1 Потоа му се јави Господ кај дабот Мамре кога седеше пред вратата од шаторот свој, на пладнина.
2 Откако ги крена очите свои, виде Тројца мажи како стојат спроти него. Откако ги виде, им притрча во пресрет пред вратата на шаторот свој, и им се поклони доземи.
3 И рече: 'Господи, ако сум нашол милост пред Тебе, немој да го одминеш слугата Свој!
4 Kе Ви донесам малку вода: измијте ги нозете, па одморете се малку под ова дрво!
5 И ке Ви изнесам малку леб за да се поткрепите штом веке навративте кај слугата Ваш, па тогаш продолжете го својот пат.' Тие рекоа: 'Направи, како што рече!'
6 И Авраам отрча во шаторот кај Са‘ра, и и рече: 'Замеси брзо три мерки чисто брашно и испечи погачи!'
7 Па отрча кај говедата и фати теле младо и угоено, и му го даде на момокот, и тој побрза да го зготви.
8 Па потоа изнесе масло и млеко и телето, што беше зготвено, и им принесе; и тие јадоа, а тој самиот стоеше пред нив под дрвото.
9 Тогаш тие го прашаа: 'Каде е Са‘ра, жената твоја?' А тој одговори: 'Ене ја во шаторон.'
10 Еден, пак, од нив му рече: 'Догодина во ова време, вракајки се, Јас, пак ке дојдам кај тебе, и Са‘ра, жената твоја ке има син.' А Са‘ра слушаше на вратата од шаторот, зад него.
11 Авраам и Са‘ра беа стари и возрасни, и кај Са‘ра беше престанало редовното кај жените.
12 Затоа Са‘ра се насмеа во себе, велејки: 'Бидејки сум остарела, сега ли ке ни дојде радоста? А и господарот ми е стар.'
13 Тогаш му рече Господ на Авраама: 'Зошто се насмеа Са‘ра во себе, велејки - Вистина ли е дека ке родам кога сум остарена? -
14 Има ли нешто неможно за Господа? Догодина во ова време Јас пак ке дојдам при тебе, и Са‘ра ке има син.'
15 Но Са‘ра не призна и рече: 'Не се насмеав,' бидејки се беше уплашила. А Он рече: 'Не, ами ти се насмеа.'
16 Потоа лу ето станаа и тргнаа кон Содом и Гомор, а и Авраам појде со нив да ги испрати.
17 А Господ рече: 'Како да кријам од Авраама, слугата Свој, што сакам да направам?
18 Та од Авраама ке излезе голем и силен народ, и преку него ке бидат благословени сите народи на земјата.
19 Оти него го избрав за да им заповеда на синовите свои, и на домот свој по себе, да одат по патот Господен и да извршуваат правда и суд, за да може Господ да го исполни она, што му го вети на Авраама.'
20 И рече Господ: 'Голем повик е против Содом и Гомор, и гревовите нивни се претешки.
21 Затоа ке слезам за да узнаам и да видам дали така се прави, како што повикот доа а до Мене, или не.'
22 Оттаму лу ето тргнаа кон Содом, додека Авраам уште стоеше пред лицето на Господа.
23 Тогаш Авраам се приближи и рече: 'Сакаш ли да го уништиш и праведниот со неправедниот и ке биде ли праведниот како неправедниот?
24 Можеби во градот има педесетмина праведници; зарем ке ги погубиш и нив, а да не му простиш на тоа место заради оние педесет праведници, што се во него?
25 Не е можно така да постапиш Ти, да погубиш праведни со неправедни заедно, та исто да се случи со праведникот како и со неправедникот; не, тоа од Тебе не; зарем Судијата на целата замја нема да суди право?'
26 И рече Господ: 'Ако во градот Содом најдам педесетмина праведници, ке го запазам градот и целото место заради нив.'
27 А Авраам одговори и рече: 'Еве, се осмелив да Му проговорам на Господа, иако сум земја и пепел.
28 Можеби да има праведници од педесет пет помалку; зар заради тие пет ке го затреш целиот град?' Он одговори: 'Нема тоа да го направам, ако најдам четириесет и пет.'
29 И го продолжи разговорот со Него и рече: 'Можеби ке се најдат таму четириесет?' Он, пак, одговори: 'Нема да го направам ни поради тие четириесет.'
30 Потоа рече: 'Нека не се налути Господ, ако речам - можеби ке се најдат триесет?' - Он рече: 'Нема да го направам, ако најдам триесет.'
31 И пак рече: 'Еве, се осмелувам одново да Му проговарам на Господа - можеби ке се најдат дваесет?' 'Нема да го уништам - рече - ни заради тие дваесет.'
32 Најпосле рече: 'Нека не се налути, Господ, ако уште еднаш проговорам - можеби ке се најдат десет?' - Он рече: 'Нема да ги искоренам ни заради оние десет.'
33 И Господ замина, откако престана да зборува со Авраама; а Авраам се врати во своето место.