Битие. Chapter 9

1 Тогаш Бог го благослови Ноја и синовите негови, и им рече: 'Плодете се и множете се, и полнете ја земјата и владејте ја!
2 А сите sверови земни и сите птици небески, и сиот земен добиток, и се што се движи по земјата, и сите морски риби да се плашат од вас: во ваши раце се предадени.
3 Се што се движи и живее, ке ви биде храна; сето тоа ви го дадов, како што ви го дадов зеленото растение.
4 Само да не јадете месо во кое има уште душа, односно крвта негова.
5 А и вашата крв, односно вашиот живот, ке го барам; од секој sвер ке го барам, ке ја барам, исто така, душата човечка од раката на човек, од раката на братот негов;
6 кој ке пролее крв човечка, и неговата крв ке се пролее од човечка рака; зашто човекот го создадов според образот Божји.
7 Вие, пак, плодете се и множете се; ширете се на земјата и наполнете ја и владејте ја!'
8 И му рече Господ на Ноја и синовите негови со него, велејки:
9 'А Јас, еве, го поставувам заветот Мој со вас и со вашето потомство по вас,
10 и со секоја жива душа, која е со вас, со птиците, и со добитокот, и со сите sверови земни, што се со вас, со се она што излегло од ковчегот, со сите земни животни;
11 го поставувам заветот Мој со вас дека отсега нема веке ниедна плот да загине од потоп и дека повеке не ке има потоп да ја запустува земјата!'
12 И рече Бог: 'Еве го знакот на заветот, што го поставувам ме у Мене и вас и ме у секоја жива душа, која е со вас, за идните поколенија:
13 божилак Свој поставувам во облакот, за да биде знак на заветот ме у Мене и земјата.
14 Па кога облак ке навеам на земјата, ке се види божилакот во облакот,
15 и ке си спомнам за заветот Мој, кој е ме у Мене и вас и ме у секоја душа, што живее во плот; и нема веке да има потоп за да ја уништи секоја плот.
16 Божилакот ке биде во облакот, и Јас ке го видам и ке си спомнам за вечниот завет ме у Бога и ме у секоја душа, што живее во секоја плот, која е на земјата.'
17 И му рече Бог на Ноја: 'Тоа нека е знакот на заветот, што го поставив ме у Мене и ме у секоја плот, која е на земјата!'
18 Синовите Ноеви, кои излегоа од ковчегот, беа: Сим, Хам и Јафет. Хам е татко на Хананејците.
19 Тоа се трите сина Ноеви, и од нив се насели целата земја.
20 А Ное почна да ја обработува земјата, и насади лозје.
21 И се напи од виното, па се опи, и легна гол среде шаторот свој.
22 А Хам, таткото на Хананејците, ја виде голотијата на таткото свој, и излезе, та им го кажа тоа на обајцата брака свои.
23 Но Сим и Јафет зедоа облека, и, наметнуваки ја на рамената свои, појдоа назадешкум и ја покрија со неа голотијата на таткото свој; лицата им беа свртени наназад, и тие не ја видоа голотијата на таткото свој.
24 А кога се истрезни Ное од виното, дозна што му беше направил помладиот син,
25 па рече, 'Проклет да е Ханан; на браката свои ке им биде најдолен слуга!'
26 И уште рече: 'Благословен да е Господ Бог Симов; а Ханан ке му биде слуга!
27 Нека го рашири Бог Јафета, и тој нека живее во шаторите на Сим; а Ханан да им биде слуга!'
28 И поживе Ное по потопот триста и педесет години.
29 А се на се поживе Ное деветстоитни и педесет години; потоа умре.