Битие. Chapter 16

1 Но Сара, жената на Аврама, не му ра аше. А имаше слугинка Египтјанка, по име Агара.
2 И му рече Сара на Аврама: 'Ете, Господ ми ја затвори утробата за да не ра ам; туку оди при слугинката моја, можеби ке добијам деца од неа.' И Аврам се согласи со зборовите на Сара.
3 И така, откако Аврам преседе десет години во земјата Хананска, Сара, жената Аврамова, ја зеде слугинката своја, Египтјанката Агара, и му ја даде на мажот свој Аврама за жена.
4 И тој влезе при Агара, и таа зачна; а кога виде дека зачна, се возгордеа пред господарката своја.
5 А Сара му рече на Аврама: 'Навредата моја е вина твоја; јас ти ја препуштив во преград слугинката моја, а таа, гледајки дека зачна, се возгордеа пред мене. Бог нека суди ме у мене и тебе.'
6 Тогаш Аврам и рече на Сара: 'Ете, слугинката твоја е во твои раце, прави со неа што сакаш!' И Сара почна да ја злоставува, и таа избега од неа.
7 Но ангел Господен ја најде при изворот во пустињата, при изворот на патот за Сур.
8 И и рече: 'Агаро, слугинко Сарина, од каде доа аш и каде одиш?' А таа рече: 'Бегам од Сара, господарката моја.'
9 Ангелот Господен пак и рече: 'Врати се кај господарката твоја и покори и се!'
10 И ангелот Господен уште рече: 'Kе го умножам многу потомството твое, што не ке може да се изброи од множество.'
11 И пак и рече ангелот Господен: 'Ете ти си бремена и ке родиш син, и ке го наречеш со името Исмаил; оти Господ ја чу маката твоја.
12 Тој ке биде силен човек: раката негова ке се крева против секого, и сечија против него; и ке живее пред лицето на сите брака свои.'
13 Тогаш Агара Го призва името на Господа, Кој и зборуваше, и рече: 'Ти си Бог, Кој милостивно погледна на мене,' зашто рече: 'Пред себе Го видов Оној што ми се јави.'
14 Заради тоа тој извор се нарече Беер - Лахај - Рој, а се нао а ме у Кадис и Варад.
15 И му роди Агара на Аврама син; и му стави Аврам на синот свој, кого го роди Агара, име Исмаил.
16 А Аврам имаше осумдесет и шест години кога Агара му го роди Исмаила.