Битие. Chapter 30

1 Рахил, гледајки дека не му ра а деца на Јакова, и позавиде на сестрата своја, па му рече на Јакова : 'Дај ми деца, ако не - јас ке умрам!'
2 А Јаков се налути на Рахил, и и рече : 'Зар јас сум тој, а не Бог, што не ти дал плод на утробата?'
3 И му рече Рахил на Јакова : 'Ене ја слугинката моја Вала; влези при неа; нека ми роди таа в скут, па јас ке имам деца од неа.'
4 И му ја даде Вала, слугинкака своја, за жена, и Јаков влезе при неа.
5 И Вала зачна, и му роди на Јакова син.
6 А Рахил рече : 'Бог ми пресуди и го чу гласот мој, та ми даде син.' Затоа му стави име Дан.
7 И Вала, слугинката на Рахил, пак зачна, и му роди втор син на Јакова.
8 А Рахил рече : 'Ми помага Бог. Жестоко се борев со сестрата моја, но победив.' И му кладе има Нефталим.
9 А Лија, гледајки дека престана да ра а, ја зеде слугинката своја Зелфа и му ја даде на Јакова за жена; и тој влезе при неа.
10 И зачна Залфа, слугинката на Лија, и му роди на Јакова син;
11 Тогаш Лија рече : 'Дојде честа моја.' Па го нарече Гад.
12 И пак зачна Зелфа, слугинката Лиина, и му роди на Јакова и втор син.
13 И рече Лија : 'Блазе мене, зашто блажена ке ме наречуваат жените!' Затоа му стави име Асир.
14 А кога се жнееше пченицата, излезе Рувим во полето и најде мандрагори, па и ги донесе на Лија, мајката своја. А Рахил и рече на Лија, сестрата своја; 'Дај ми од мандрагорите на синот твој!'
15 Лија, пак, рече: 'Малку ли ти беше што ми го зеде мажот? Сакаш да ми земеш и од мандрагорите на синот мој? Рахил и одговори : 'Тогаш нека легне нокеска со тебе за мандрагорите од синот твој.'
16 И вечерта, кога Јаков се вракаше од полето, му излезе Лија во пресрет и рече: 'Влези при мене, зашто те откупив за мандрагорите од синот мој!' И легна тој со неа таа нок.
17 А Бог ја послуша Лија, и таа зачна, па му го роди на Јакова петтиот син.
18 И рече Лија : 'Бог ми даде награда, затоа што му ја дадов слугинката своја на мажот мој.' И му даде име Исхар, што значи награда.
19 И пак зачна Лија, и му го роди на Јакова шестиот син.
20 И рече Лија : 'Бог ме награди со убав дар, па можеби сега ке ме засака мажот мој, бидејки му родив шест синови.' Затоа го нарече Завулон.
21 Потоа роди керка и и стави име Дина.
22 Но Бог си спомна и за Рахил. И ја услиша Бог, па ја отвори утробата нејзина.
23 Таа зачна и му роди на Јакова син, па рече Рахил : 'Бог го отстрани од мене срамот мој.'
24 И му даде име Јосиф, велејки : 'Бог ке ми даде и друг син.'
25 А кога Рахил го роди Јосифа, му рече Јаков на Лавана: 'Пушти ме и ке си одам во моето место и во својата земја.
26 Дај ми ги жените мои, и децата мои, за кои ти служев, и да си одам; а ти знаеш како ти служев.'
27 Лаван му рече : 'Немој, ако сум нашол милост пред тебе. Гледам дека Бог ме благослови поради тебе.'
28 И уште рече : 'Барај плата, колку што сакаш, и јас ке ти дадам.'
29 А Јаков му одговори : 'Ти знаеш како ти служев и колку многу ти се зголеми добитокот со мене;
30 оти малку беше она, што го имаше, додека не дојдов јас; но многу се намножи, бидејки Господ Бог те благослови кога дојдов јас. Па кога и јас за себе така кука ке кукам?'
31 И му рече Лаван : 'Што бараш да ти дадам?' А Јаков одговори : 'Не треба ништо да ми дадеш. Но направи онака како што ке ти кажам, а јас, пак, ке го пазам стадото твое и понатаму.
32 Kе го обиколам денес целото стадо твое и оддели секоја шарена овца и секоја црна и секоја шарена и пружеста коза. И тоа нека биде платата моја!'
33 Така после ке ми посведочи справедливоста моја пред тебе кога ке дојдеш да ја провериш наградата моја : ако се најде тогаш ме у моите овци која не е црна или шарена, и ме у козите мои, која не е шарена или пружеста, значи крадена е.'
34 Лаван му рече : 'Нека биде, како што рече!'
35 И ги оддели Лаван истиот ден јарците пружести и шарени и сите кози црвеникави и шарени - секоја на која имаше нешто бело и сите црни овци, па им ги предаде на синовите свои.
36 И определи растојание од три дена одење ме у себе и Јакова. А Јаков го пасеше другиот ситен добиток на Лавана.
37 И зеде Јаков зелени прачки тополови, бадемови и јаворови, па изрежа Јаков пруги, откако ја извади кората до беликата,
38 и ги стави така изрезаните прачки во коритата од поилата, каде што доа аа овците да пијат, а бидејки стоката зачнуваше, кога доа аше на вода,
39 овците, гледајки во прачките зачнуваа, па се ра аа овци белузлави, дамкичави и шарени.
40 И Јаков ги одделуваше и овците, и им ги свртуваше главите кон шареното и сето црно стадо на Лавана; а своето стадо го одделуваше и не го мешаше со стадото Лаваново.
41 И секогаш кога зачнуваше силниот добиток, Јаков ги ставаше прачките во поилата пред очите на добитокот, за да се пари гледајки во прачките.
42 А кога се пареше слабиот добиток, тогаш не ги ставаше. И го оставаше слабиот за Лавана, а силниот - за Јакова.
43 И така тој човек се збогати многу, многу, та имаше многу ситен добиток и крупен, слугинки и слуги и камили и осли.