Римјаните. Chapter 3

1 Затоа кога не можевме веќе да го издржиме тоа, сметавме дека би било добро да останеме сами во Атина,
2 а Тимотеј, нашиот брат и Божји соработник во Евангелието на Христос, го испративме за да ве зацврсти и охрабри во вашата вера,
3 за да не се поколеба никој поради овие маки; зашто сами знаете дека за тоа сме определени,
4 зашто кога бевме кај вас, однапред ви зборувавме дека ќе трпиме маки, и како што знаете, така и се случи.
5 Затоа, јас, не можејќи веќе да издржам, пратив да дознаам за вашата вера, да не би ве искушал искушувачот и да не биде залуден нашиот труд.
6 А сега, откако дојде Тимотеј од кај вас и ни донесе добра вест за вашата вера и љубов, и дека имате секогаш добар спомен за нас и дека копнеете да нè видите, како и ние вас,
7 тогаш, браќа, и покрај сета наша мака и невола се утешивме за вас преку вашата вера;
8 зашто сега навистина живееме, кога вие стоите цврсто во Господ.
9 Зашто, каква благодарност можеме да Му оддадеме на Бог за вас, за сета радост со која се зарадувавме поради вас пред нашиот Бог?
10 Ноќе и дење најсесрдно се молиме да го видиме вашето лице и да го дополниме тоа што и недостига на вашата вера.
11 А Самиот Бог, нашиот Татко, и Исус Христос, нашиот Господ, да го насочи нашиот пат кон вас!
12 А Господ да направи вие да растете и да изобилувате во љубов еден спрема друг и спрема сите луѓе, како што и ние ја имаме спрема вас,
13 за да ги утврди вашите срца да бидат непорочни во светост пред нашиот Бог и Татко, при доаѓањето на нашиот Господ Исус со сите Свои светии.