Римјаните. Chapter 1

1 Павле и Силван и Тимотеј до црквата на Солунците, во Бог, Таткото и Господ Исус Христос, благодат вам и мир.
2 Секогаш кога ве спомнуваме во нашите молитви, Му благодариме на Бог за сите вас,
3 зашто постојано ги спомнуваме делата на вашата вера, трудот на вашата љубов и вашата трпелива надеж во нашиот Господ Исус Христос, пред Бог нашиот Татко.
4 Знаејќи, браќа од Бог сакани, дека вие сте избрани;
5 зашто нашето проповедање на Евангелието меѓу вас не беше само со слово, туку и во сила, и во Светиот Дух, и во полна увереност; како што знаете какви бевме меѓу вас заради вас.
6 И вие нè имавте за пример нас и Господ, примајќи го словото сред голема невола, со радоста на Светиот Дух,
7 така што им станавте пример на сите верници во Македонија и Ахаја.
8 Зашто, од вас Господовото слово се разгласи не само во Македонија и Ахаја, туку за вашата вера во Бог се расчу насекаде, така што нема потреба ние да зборуваме нешто.
9 Имено, самите зборуваат за нас, како нè примивте и како се обративте од идолите кон Бог, за да Му служите на живиот и вистинит Бог
10 и да Го очекувате Неговиот Син Исус од небесата, Кого Го воскресна од мртвите и Кој нè избавува од гневот што доаѓа.