Римјаните. Chapter 2

1 Зашто самите знаете, браќа, дека нашето доаѓање кај вас не беше залудно.
2 Напротив, иако порано пострадавме и бевме хулени во Вилипи, како што веќе знаете, бевме смели во нашиот Бог, да ви го говориме Божјото Евангелие сред големо противење.
3 Зашто нашето поттикнување не е од заблуда ни од нечистотија, ниту со измама,
4 туку како што Бог нè испита и ни го довери Евангелието, така зборуваме, не угодувајќи им на луѓето, туку на Бог, Кој ги испитува нашите срца.
5 Зашто, како што знаете, никогаш не настапивме со ласкави зборови, ниту со притаена алчност - Бог е сведок за тоа,
6 ниту, пак, баравме слава од луѓето, ниту од вас, ниту од другите, иако можевме да се наметнеме како Христови апостоли.
7 Напротив, бевме благи меѓу вас, како доилка, која нежно се грижи за своите деца,
8 па така, полни со љубов спрема вас сакавме да ви го предадеме не само Божјото Евангелие, туку и своите души, зашто ни станавте многу мили.
9 Bпрочем, браќа, вие ги помните нашиот труд и мака, како работевме ноќе и дење за да не обремениме некој од вас, додека го проповедавме Божјото Евангелие.
10 Bие сте сведоци, а и Бог, дека свето, праведно и беспрекорно се однесувавме спрема вас, верните.
11 Како што знаете, ние секого од вас поединечно, како татко своите деца, го бодревме и охрабрувавме, и ви сведочевме
12 да живеете достојно за Бог, Кој ве повикува во Своето Царство и слава.
13 Затоа и ние постојано Му благодариме на Бог, зашто кога го примивте од нас Божјото слово, го примивте не како човечко слово, туку како Божјо слово (што всушност и е) кое и дејствува во вас кои верувате.
14 Зашто, вие браќа, ги зедовте за пример Божјите цркви во Христос Исус, кои се во Јудеја, бидејќи и вие го претрпевте истото од своите сонародници, како и тие од Евреите,
15 кои Го убија Господ Исус и пророците, а нас нè истераа. Тие не Му угодуваат на Бог, и непријатели им се на сите луѓе,
16 и ни забрануваат да им зборуваме на неевреите, за да не се спасат, со што секогаш ја дополнуваат мерата на своите гревови. Но најпосле гневот ги стигна нив!
17 А ние, браќа, кога за кратко останавме без вас, настојувавме уште повеќе - лично, а не во духот - со голем копнеж, да го видиме вашето лице,
18 зашто сакавме да дојдеме кај вас - барем јас, Павле, повеќе од еднаш но сатаната нè спречи.
19 Зашто, кој е нашата надеж, радост или венец за пофалба? Та не сте ли вие пред нашиот Господ Исус при Неговото доаѓање?
20 Зашто вие сте нашата слава и нашата радост.