2 Солунјани. Chapter 5

1 Затоа старешините меѓу вас ги поттикнувам јас кој сум и самиот старешина и сведок на Христовите страдања и учесник во славата која ќе се открие:
2 пасете го Божјото стадо, кое е меѓу вас и надгледувајте го, не со принуда, туку доброволно, како што Бог сака; не со желба за нечесна печалба, туку со искрено срце;
3 и не како да господарите над такви кои ви се доверени, туку бидете му пример на стадото.
4 А кога ќе се појави Bрховниот Пастир, ќе примите венец на слава, што не венее.
5 Така и вие помладите, покорувајте им се на старешините. А сите, препашете се со понизност еден спрема друг, зашто 'Бог им се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат.'
6 И така, понизете се под моќната Божја рака, за да ве возвиши во погодно време.
7 И секоја своја грижа фрлете ја на Него, зашто Тој се грижи за вас.
8 Бидете со трезвен дух и бдејте: вашиот противник, ѓаволот, обиколува како лав што рика, барајќи некого да го проголта.
9 Спротивете му се, цврсти во верата, знаејќи дека истите страдања им се случуваат и на вашите браќа по светот.
10 А откако ќе претрпите уште малку, Бог на секоја благодат, Кој ве повика во Христос кон Својата вечна слава, Самиот ќе ве усоврши, ќе ве потврди, зајакне и утврди.
11 Нека има власт во сите векови. Амин!
12 По Силван, нашиот верен брат, каков што го сметам, ви го напишав ова накратко, за да ве поттикнам и да ви посведочам дека ова е вистинска Божја благодат, во која цврсто стоите.
13 Поздрави ви праќа црквата од Bавилон, која е избрана заедно со вас, како и мојот син Марко.
14 Поздравете се еден со друг со целив на љубов. Мир вам кои сте во Христос.