Софонија. Chapter 2

1 Приберете се, приберете се внимателно, народи необуздани,
2 додека уште не е дојден судот - денот ке мине како трици, додека уште не е дојден врз вас пламнатиот гнев Господен, додека не настапил денот на јароста Господова.
3 Побарајте го Господа, сите смирени на земјата, вие што ги извршувате законите Негови; побарајте ја правдата, побарајте го смирението; можеби ке се сокриете во денот на гневот Господен.
4 Оти Газа ке биде напуштена и Аскалон ке запусти, Азот ке биде изгонет среде ден, а Екрон ке се искорени.
5 Тешко им на жителите од приморскиот крај, на народот од Крит! Словото Господово е врз вас, Хананејци, земјо Филистејска! Јас ке те истребам, и во тебе нема да има жители, -
6 па ке стане приморскиот крај овчарска кошара и ограда за добиток.
7 И тој крај ке му се падне на остатокот од домот Јудин, и ке пасат таму и во куките на Аскалон вечерта ке ја поминуваат, зашто Господ, нивниот Бог, ке ги посети и ке им го поврати пленот одземен од нив.
8 Го чув хулењето од Моава и навредите од синовите Амонови, како се подигруваат со Мојот народ и како се шират во пределите негови,
9 Но жив сум Јас, вели Господ Саваот, Бог Израилев: Моав ке биде како Содом, и синовите на Амона ке бидат како Гомор, замја на коприви, соларник, пустиња за навек; остатокот од Мојот народ ке ги плени, и оние што ке останат од Мојот народ, ке ги наследи.
10 Тоа ке им биде за гордоста нивна, оти се подигруваа и се ширеа над народот на Господа Саваот.
11 Страшен ке биде за нив Господ: Он ке ги истреби сите земни богови, и Нему ке Му се поклонат - сите од своите места, сите острови на народите.
12 И вие, Етиопјани, ке бидете поразени од Мојот меч.
13 Господ ке ја протегне раката своја на север, ке го уништи Асур, а Ниневија ке ја претвори во урнатина, во место суво како пустиња,
14 и стада ке лежат по неа и секаков вид животни: пеликан и еж ке нокеваат во резбите и украсите; гласот нивни ке се разнесува низ прозорците, уривањето ке се покаже на столбовите од вратите, зашто на нив нема да има облоги од кедар.
15 Ете, што ке стане прочуениот град, кој живееше безгрижно и во срцето свое си вели: 'Јас сум и нема друг освен мене.' Како ке стане урнатина, легло за sверови! И секој што ке помине покрај него, ке потсвирне и ке мавне со раката.